Свет
„Шпигел“: Кина барала од СЗО да не го предупредува светот на време за коронавирусот?
Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, лично побарал од директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адхан Гебресејус, да го одложи глобалното предупредување за заканата од коронавирусот, се тврди во ексклузивниот нов текст на германскиот весник „Шпигел“, кој се повикува на нивната Сојузна разузнавачака служба (БНД).
Според сознанијата на службата, кинескиот претседател на 21 јануари побарал од директорот на СЗО да не ја објави информацијата за преносот на коронавирусот САРС-КоВ-2 од човек на човек и да го одложи предупредувањето за пандемија.
„БНД проценува дека поради кинеската информативна политика, изгубени се четири до шест недели за борба против коронавирусот во светот“, заклучува германската разузнавачка служба.
СЗО, викендов, по откритието на „Шпигел“, официјално ги демантира заклучоците на БНД тврдејќи дека извештаите на „Шпигел“ за телефонскиот разговор меѓу генералниот директор на СЗО и кинескиот претседател се нетемелни и невистинити.
„Тедрос и претседателот Џјинпинг не стапиле во контакт на 21 јануари и никогаш не разговарале телефонски… Кина го потврди преносот на коронавирусот од човек на човек на 20 јануари“, се додава во демантот на СЗО.
Првиот кинески епидемиолог Жонг Наншан навистина на 20 јануари беше првиот кинески претставник кој јавно призна дека коронавирусот се пренесува од човек на човек, иако, како што пренесоа некои медиуми, кинескиот режим барем шест дена претходно знаел дека вирусот така се пренесува, што го потврдува и интерниот документ до кој дојде АП.
Кинеските власти воведоа карантин во Вухан дури на 23 јануари. Од почетокот на јануари до тој датум неколку милиони луѓе поминаа низ тој град или го напуштија Вухан.
СЗО на 14 јануари, дури објави на „Твитер“ дека прелиминарната истрага што ја спровеле кинеските власти не пронашла никакви јасни докази за пренос на новиот коронавирус од човек на човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.