Свет
Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил
Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го прекинаа железничкиот сообраќај во тој дел од земјата, јапонското Министерство за одбрана нареди борбените авиони „Ф15“ да полетаат за да ги пронајдат остатоците од проектилот, пренесуваат локалните медиуми.
Откако утринава добил дојава за лансирање, министерот за одбрана наредил да се пребара теренот.
Според информациите, Северна Кореја ја лансирала ракетата во 7.22 часот по локално време. Се верува дека проектилот ја прелетал префектурата Аомори и паднал во Пацификот околу 7.44 часот.
Веднаш е испратена порака до граѓаните да се евакуираат и да се повлечат во прифатилиштата.
„Северна Кореја лансира ракета. Ве молиме, евакуирајте се во згради или подземни премини“, се вели во пораката на јапонската влада објавена во 7.29 часот по токиско време.
„Ова е сериозна и непосредна закана за безбедноста на нашата земја. Ова ги загрозува мирот и безбедноста на регионот и меѓународната заедница и претставува сериозна закана за целата меѓународна заедница. Тоа е предизвик“, рече главниот секретар на кабинетот на премиерот нагласувајќи дека јапонската влада упатила силен протест против Северна Кореја преку нејзината амбасада во Пекинг, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.