Свет
Јапонските железничари веќе не мора да клечат во тунелите додека поминуваат возовите
Јапонската железничка компанија „ВЈР” ја укина необичната практика за обучување на работници за време на која тие мораа да клечат во тунелите додека покрај нив јуреа брзи возови, за да ја почувствуваат брзината на ветрот.
Програмата започна во 2016 година, но синдикатот се спротивстави на тоа. Учесниците клечеа во ров со длабочина од еден метар и исто толкава ширина помеѓу две пруги, додека возовите јуреа покрај нив.
Околу 240 механичари ја поминаа обуката која можеше да трае до 20 минути. Компанијата ги започна овие вежби по инцидентот во 2015 година, кога еден метален дел паднал од возот поради лабави шрафови.
Јапонија е позната по својата мрежа на брзи возови „Шинкасен“, кои патуваат низ целата земја со брзини што се мерат во стотици километри на час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.