Свет
Јеховини сведоци на листа на терористи
Верската заедница Јеховини сведоци соопшти дека руските власти повеќе од 200 нејзини членови ги ставиле на листата на екстремисти и терористи. Тоа значи дека им се замрзнати банкарските сметки и им е ограничена можноста за вршење какви било финансиски трансакции.
Русија официјално ги забрани Јеховините сведоци во 2017 година со образложение дека станува збор за екстремистичка организација. Оттогаш неколку стотици Јеховини сведоци се уапсени, а 24 се прогласени за виновни, од кои девет се осудени на затворски казни. Се води кривична истрага против повеќе од 300 лица.
Има повеќе од 9.500 имиња на списокот на екстремисти и терористи, според АП. Во 2018 година, рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека Јеховините сведоци се христијани така што не му е јасно кој ги гони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.