Свет
Џорџ Буш: Зеленски е тврд човек, кој може да победи во војната против Русија
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш, го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски тврд човек, кој може да победи во војната против Русија.
Меѓутоа, Буш истакна дека Зеленски тоа може да го направи само додека САД и „слободниот свет“ не стигнат до точка кога веруваат дека повеќе не вреди да се поддржува Украина.
Буш рече дека верува оти историјата ќе му суди на Зеленски „како извонреден лидер“ и додаде дека е важно Соединетите Американски Држави да продолжат да ја поддржуваат борбата на Украина против Русија.
„Неуспехот во Украина ќе влијае на идните генерации Американци. Нестабилна Европа, Европа во која тиранин е на марш, ќе влијае на нашата национална безбедност“, рече Буш, пренесе „Аваз.ба“.
Bush says ‘tough dude’ Zelensky can win Ukraine’s war against Russia https://t.co/0tT50vrjO9
— South China Morning Post (@SCMPNews) November 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.