Свет
Саботажа на нафтена рафинерија во Италија
Саботажа на поранешната нафтена рафинерија во близина на Монца доведе до излевање на огромни количини нафта во реката Ламбро, јавија италијанските медиуми.
Саботажа на поранешната нафтена рафинерија во близина на Монца доведе до излевање на огромни количини нафта во реката Ламбро, јавија италијанските медиуми.
Инцидентот се случил вчера кога непознати сторители во Ламбро истуриле повеќе од 600.000 литри нафта која се наоѓала во контејнерите на рафинеријата во сопственост на Ломбарда Петрол.
Ламбро е притока на реката По и постои огромна опасност излеаната нафта да стигне до најголемата италијанска река, изјави портпаролот на италијанската Агенција за заштита на животната средина во областа Ломбардија Моника Макарини.
Макарини додаде дека во Милано е формиран кризен штаб задолжен за поставување на насипи и координација на отстранување на излеаната нафта.
Стотици животни и птици угинаа како последица на разлеаната нафта, а непријатната миризба може да се почувствува на повеќе километри од местото на инцидентот./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „NBC News“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.