Свет
Аргентина: ОН да го блокира нафтеното истражување на Фолкландите
Аргентина побара од Обединетите нации да посредуваат во спорот со Велика Британија околу британските планови за искористување на потенцијалните лежишта на нафта околу брегот на Фолкландски острови, поради кои двете земји водеа војна во 1982 година.
Аргентина побара од Обединетите нации да посредуваат во спорот со Велика Британија околу британските планови за искористување на потенцијалните лежишта на нафта околу брегот на Фолкландски острови, поради кои двете земји водеа војна во 1982 година.
Аргентинскиот министер за надворешни работи, Хорхе Таиана по состанокот со главниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во Њујорк изјави дека побарал продолжување на мисијата за решавање на спротивставените барања околу островот и неговите природни ресурси.
Фолкландските острови во Аргентина ги нарекуваат Малвини и тие се вклучени во сите географски карти како интегрален дел на аргентинската територија.
Островите беа цел во 18 и 19 век на британското, француското, американското и аргентинското ангажирање, а од 1833 година се под Британска власт.
„Тоа е нелегално, спротивно на меѓународното право и против желбите на Обединетите нации“ рече аргентинскиот министер Таиан за британското истражување на нафта.
„Ние ќе се браниме со сите средства кои ни ги пружа дипломатијата и меѓународното право“ вели Таиана.„Главниот секретар на ОН би можел да посредува ако двете страни се договорат“ изјави неговиот портпарол Ари Гаитанис.
Фолкландските острови, заедно со островите Јужна Џорџија и Сандвич на јужниот Атлантик, се суверени британски територии и нивните жители имаат право на развој на нафтените полиња во своите територијални води, изјави британскиот претставник на ОН. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.