Контакт

Свет

Јапонските власти се извинија поради претераната паника за цунами

Објавено пред

Јапонската метеоролошка агенција денеска се извини поради високото ниво на предупредување за цунами што го издаде во саботота после катаклизмичниот земјотрес од 8.8 степени што го

Јапонската метеоролошка агенција денеска се извини поради високото ниво на предупредување за цунами што го издаде во саботота после катаклизмичниот земјотрес од 8.8 степени што го погоди Чиле.

Властите во Токио после предупредувањето наредија евакуација на повеќе од 500 илјади жители кои живеат на крајбрежјето на Тихиот океан.

Јапонските експерти во саботата предупредија дека бран со висина од три метри ќе го погоди пацифичкото крајбрежје на Јапонија, но се покажа дека највисокиот бран изнесуваше едвај 120 сантиметри и предизвика само помали поплави.

Предвидувањата на Агенцијата за висината на цунамито се покажаа како претерани, информираа до јапонската Агенција за земјотреси и цунами.

„Ве молам да го прифатите мое извинување за непријатностите што ги предизвика предупредувањето кое траеше предлогот“, изјави Јасуо Секита од агенцијата./крај/хн/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Еден загинат и седум повредени во експлозија на бомба во Пакистан

Објавено пред

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени кога експлодираше бомба крај патот на автобуска постојка во пакистанскиот град Равалпинди, соопшти полицијата.

Седиштето на пакистанската војска и канцеларијата на шпионските агенции во земјата се наоѓаат во Равалпинди, оддалечен околу 15 километри од главниот град Исламабад, истакнува АП.

Полицијата првично соопшти дека бомбата била поставена под моторна рикша, но во соопштението на полицијата од Равалпинди се наведува дека експлодирала направа поставена покрај патот.

Никој досега не презеде одговорност за експлозијата.

Снимките на пакистанската телевизија и оние објавени на социјалните мрежи покажуваат изгорен моторна рикша, опкружена со полициски служби и брза помош.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Се надевам дека Франција ќе се ослободи од Макрон што е можно поскоро

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска пред новинарите во Истанбул изјави дека се надева оти Франција наскоро ќе се ослободи од претседателот Емануел Макрон, опишувајќи го како „товар за таа земја“, која минува низ тешки моменти.

Односите меѓу Турција и Франција се влошија во последните месеци, најпрво поради несогласувањата во однос на политиката кон Сирија, потоа објавувањето на карикатури од пророкот Мухамед, а и по низата злосторства што следуваа поради тоа, пренесува „Ројтерс“.

Анкара и Париз разменија обвинувања и во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах откако Франција посочи дека Турција ги помага силите на Азербејџан.

„Макрон е товар за Франција. Се надевам дека Франција ќе се ослободи од проблемот наречен Макрон што е можно поскоро“, рече турскиот претседател.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија почна масовно тестирање на коронавирус, но се појавија ИТ-проблеми

Објавено пред

Во неколку австриски провинции денес почна масовно тестирање на населението за коронавирус.

Почетокот на тестирањето во провинциите Виена, Тирол и Форарлберг беше обележан со големи редици и ИТ-проблеми.

Во Тирол, на пример, луѓето кои имале негативен тест останале без потврда поради проблеми со компјутерскиот систем.

И во Виена, компјутерскиот систем постојано паѓал, па војската почнала да прави резервна копија на хартија.

Од најавата за масовно тестирање, властите се соочуваат со ИТ-проблеми.

Така, страницата за регистрација мораше да се отстрани од мрежата некое време, а во еден момент дојде до протекување на лични податоци на 800 лица.

Масовното тестирање се спроведува на доброволна основа и со брзи антиген-тестови.

Ако антиген-тестот е позитивен, лицето се испраќа на ПЦР-тестирање за да се потврдат резултатите.

Со масовно тестирање, австриската влада сака да го прекине синџирот на инфекција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нефи Усеини не е повеќе советник во Општина Охрид

Дванаесет советници на Општина Охрид гласаа „за“ прифаќање на оставката поднесена од охридскиот светник Нефи Усеини. На наредната седница Советот...

Македонија3 часа

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Топ3 часа

Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено...

Регион4 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Топ5 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион5 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија5 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија6 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија6 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион6 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет7 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа20 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија21 час

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија22 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија22 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија1 ден

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен1 ден

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ1 ден

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет1 ден

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Досие