Контакт

Свет

Најмалку 55 загинати при лизгање на земјиште во Уганда

Објавено пред

Најмалку 55 лица загинаа при лизгање на земјиште во источниот дел на Уганда, изјави Мајкл Натака, раководител на Црвениот Крст во Уганда.

Најмалку 55 лица загинаа при лизгање на земјиште во источниот дел на Уганда, изјави Мајкл Натака, раководител на Црвениот Крст во Уганда.

Натака истакна дека најмалку 350 лица од три села во регионот Будуда се водат како исчезнати откако биле затрупани при лизгањето на земјиштето.

Тој соопшти дека лизгањето на земјиштето, кое затрупа повеќе стотици домови, е последица на повеќедневните обилни врнежи од дожд.

Спасувачките екипи досега извадиле 55 тела, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми./крај/бгн/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иранското МНР: Гласините за убиството на командантот на ИРГЦ во Ирак не се точни

Објавено пред

Извештаите во кои се тврди дека командант на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) е убиен во западен Ирак при напад со беспилотно летало, се најверојатно невистинити, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатиб Заде, пренесува „Спутник“.

„Очигледно, ова не е точно, но претставник на Генералштабот на иранските вооружени сили треба да зборува за ова прашање. Сепак, не слушнавме никакви веродостојни информации за ова прашање“, рече Заде на брифинг со новинарите.

Новинската агенција Тасним претходно цитираше информирани извори кои ги негираа  извештаите дека во воздушен напад со беспилотно летало бил убиен командант на ИРГЦ во западен Ирак на границата со Сирија.

„Ал Арабија“, повикувајќи се на ирачки извори, објави во понеделникот дека автомобилот на Муслиман Шахдан бил таргетиран во неделата вечерта откако го поминал контролниот пункт Ал Каим во ирачката провинција Ал Анбар. Во нападот со беспилотно летало, наводно, загинале и три лица кои го придружувале командантот на ИРГЦ.

Иранските медиуми цитираа свои извори велејќи дека ваквите информации се шират по неодамнешниот атентат врз иранскиот нуклеарен физичар Мухсин Фахризаде за да се влијае врз јавното мислење во Иран.

Фахризаде, шефот на центарот за иновации на иранското Министерство за одбрана, беше убиен во петокот во напад во близина на северниот ирански град Абсард, наводно од далечински управуван митралез, откако го напуштил својот блиндиран автомобил.

Атентатот се случи два дена пред 10-годишнината од смртта на друг ирански нуклеарен физичар, Маџид Шахријари. Техеран рече дека има знаци за вмешаност на Израел.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Француски свештеници ги кршат мерките за црквите да останат отворени

Објавено пред

Свештеници од Лил ги отфрлаат ограничувањата што француската влада ги наметна поради пандемијата на коронавирус дозволувајќи истовремено повеќе од 30 верници во нивните цркви, пренесува „20 Минуте“.

Архиепископот во Лил, Лоран Улрих, зборуваше против ограничувањата на владата, нарекувајќи ги произволни, дискриминирачки и нереални и им рече на свештениците да ги примаат сите верници во нивните цркви.

Вчера, непосредно пред мисата во катедралата Нотр-Дам де ла Треј, отец Бруно Мари ја коментираше ситуацијата, велејќи:

„Ние не сме одметници, само се обидуваме да бидеме интелигентни. Монсињор Улрих ни рече да сториме што можеме во однос на санитарните мерки“.

Отец Мари рече дека тој и неговите колеги внеле повеќе групи од по 30 луѓе во црквата, во која собира околу 1.200 луѓе.

„Ние се организираме најдобро што можеме, земајќи ги предвид ранливите луѓе. Разбираме дека владата е насочена кон економијата. Луѓето мораат да живеат. Но, црквите се места за утеха што им се потребни на луѓето во моментов “, рече тој.

За време на викендот, Францускиот државен совет, највисокиот административен суд во Франција, ѝ наложи на владата да ги преиспита ограничувањата за црквите во рок од три дена, откако тврдеше дека тие се непропорционални.

„Ако некои установи останат отворени за јавноста, како што се кината или театрите, а местата за богослужба се затворени, активностите што се вршат таму не се од иста природа, а основните слободи што се во прашање не се исти,” рече Државниот совет, рационализирајќи дека слободата на обожавање има поинаков статус и бара посебна заштита според законот.

Наредбата на Државниот совет доаѓа по неколкуте протести на почетокот на ноември од страна на христијаните пред црквите низ целата земја откако владата на претседателот Емануел Макрон го воведе ограничувањето од 30 верници.

Стотици демонстранти се собраа во различни градови, вклучувајќи дури 600 во Версај и 400 во Нант за еден викенд.

„Ние ги следиме протоколите, колку што знам нема избувнато зараза во црквите. Ние сакаме да го користиме нашето право на миса. Ова е прашање на слобода на вероисповед “, рече еден демонстрант.

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ: Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно само на тестови

Објавено пред

Премиерката Ана Брнабиќ вели дека Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно само на тестови за коронавирус, додавајќи дека тоа е цената за 20.000 тестови дневно.

Таа изјави дека ПЦР-лабораториите се отворени низ цела Србија од Суботица до Косовска Митровица, додавајќи дека со отворањето нови лаборатории се создаде можност да се направат повеќе испитувања, па сега се вршат повеќе од 25.000 тестови дневно.

„На резултатот од тестот кај нас се чека најмногу 12 часа. На 100.000 жители имаме најмногу тестирања во опкружувањето“, изјави премиерката.

Таа истакна дека се вложуваат многу пари за набавка на лекови, заштитна опрема, изградба на две ковид-болници во Батајница и Крушевац и дека оние што велат дека во овој момент се штити економијата, а не здравјето на луѓето, треба да знаат дека економијата е всушност здравје на луѓето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион1 час

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Свет3 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет3 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет3 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет4 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија4 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија12 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет14 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион16 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија17 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет17 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет18 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија22 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија22 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа23 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија23 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија23 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија23 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Досие