Контакт

Свет

Недоверба за владата на Тимошенко

Објавено пред

Украинскиот парламент денеска изгласа недоверба за владата под водство на премиерката Јулија Тимошенко

Украинскиот парламент денеска изгласа недоверба за владата под водство на премиерката Јулија Тимошенко.

Владата на Тимошенко не ја поддржаа 243 пратеници од вкупно 450 во украинската Рада и сега согласно уставот владата мора автоматски да даде оставка и да биде техничка се до именувањето на нов кабинет.

Пред гласањето Тимошенко (49) најави дека нејзината влада ќе замине веднаш доколку и биде изгласана недоверба.

Интерпелација на владата побара Партијата на региони на новиот украински претседател Виктор Јанукович, кој ја порази Тимошенко на претседателските избори во февруари годинава./крај/ста/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

Објавено пред

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени продавниците и трговските центри, рестораните, музеите, галериите, спортските објекти…

Вчера во Чешка беа потврдени 4.563 нови случаи на Ковид-19, што е за 365 помалку од претходната среда, а 50 лица починале, со што вкупниот број на жртви достигна 8.515, според новата статистика на Министерството за здравство на Чешка.

Премиерот, Андреј Бабиќ, апелираше до Чесите да не ги користат веднаш сите придобивки од ова големо отворање, бидејќи иако епидемиолошката состојба е многу подобра од најлошите денови во ноември, кога беа откривани по околу 16.000 нови случаи дневно и над 200 луѓе умираа секој ден, епидемијата не се забавува толку брзо како што се надевала владата.

Од денес, во Чешка е укината и забраната за пиење алкохол на отворено. На отворено може да се соберат до 50 луѓе, наместо само шест како што беше до вчера.

Утрово беа отворени сите продавници, без исклучоци, почитувајќи ја мерката дека е дозволен влез на едно лице на 15 метри квадратни.

Рестораните смеат да работат со преполовен капацитет, а на една маса може да седат најмногу четири лица. На угостителските објекти им е дозволено да работат до 22 часот.

Министерот за здравство, Јан Блатни, најави дека ако епидемијата повторно се забрза, ќе бидат вратени поострите мерки.

Прикажи повеќе...

Регион

„Фајзер“ инвестира во Грција, отвора работни места за 600 луѓе

Објавено пред

Компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ постигнаа голем успех, тие развија вакцина против Ковид-19, околу 95% ефикасна, која за прв пат ја регистрираше Велика Британија, од сите земји во светот.

На дебатата, во рамките на 31-от Економски самит во Грција, на кој присуствуваше и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, беше речено дека овој гигант од САД планира да инвестира во Грција и нејзината економија.

Имено, Бурла изјави дека неговата компанија во иднина ќе работи на развој на својата дигитална инфраструктура, а изборот падна на Солун, како еден од центрите на „Фајзер“.

Тој додаде дека, и покрај пандемијата што предизвика доцнење, 200 лица ќе добијат работа во Солун до крајот на годината, бидејќи, како што рече, тој е многу задоволен од нивните таленти и способности.

Бурла забележува дека 15-20% од апликациите за работа што ги прими Фајзер доаѓаат од Грци кои ја напуштија својата земја за време на кризата и сега сакаат да се вратат.

Всушност, тоа исто така открива дека концептот на „Фајзер“ вклучува создавање на втор центар во Солун што интерно ќе и служи на компанијата и ќе вработи уште 350 лица. Двата центри првично ќе имаат околу 600 работници.

Целта, продолжува Бурла, е двојно да се зголеми тој број.

„Гледаме како се менува околината во Грција. Тоа е земја што ве поканува да инвестирате во неа и јас сум многу среќен поради тоа, бидејќи тоа е моја земја. И знам дека светската заедница чувствува исто“, заклучи Бурла.

Прикажи повеќе...

Свет

Адолф Хитлер избран на избори во Намибија

Објавено пред

На локалните избори во Намибија е избран кандидат кој се вика Адолф Хитлер, пренесе германскиот дневник „Билд“.

Овој 54-годишен Намибиец, Адолф Хитлер Уунона, освои 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Омпунџа во регионот Ошана, во северна Намибија.

Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на актуелните регионалните избори. Тој објаснил дека името му го дал неговиот татко.

„Очигледно мојот татко не разбрал кој бил Адолф Хитлер“ додал тој.

Вели дека додека бил дете неговото име било нормално, сè додека не пораснал и дознал чие име носи.

„Со сите работи кои ги направил човекот чие име носам немам никаква врска“, вели тој.

Во јавноста настапува најчесто како Адолф Уунона.

Рекол дека името не може да го смени бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија31 минута

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет38 минути

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион1 час

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ2 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа2 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет3 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет3 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа14 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет15 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт16 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија16 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија17 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија20 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет20 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија22 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија23 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија23 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Досие