Контакт

Свет

Северна Кореја се закани со зајакнување на својата нуклеарна моќ

Објавено пред

Северна Кореја најави дека ќе го зголеми потенцијалот за нуклеарно оружје, затоа што американскиот претседател Барак Обама ги игнорира нивните барања за мир.

Северна Кореја најави дека ќе го зголеми потенцијалот за нуклеарно оружје, затоа што американскиот претседател Барак Обама ги игнорира нивните барања за мир.

„САД не се двоуми да ја уништи Кореја, вклучувајќи ги и воените закани, економските санкции, идеолошкото и културно труење. Кореја ќе продолжи  да ја зајакнува нуклеарната моќ се додека траат провокациите и воената закана од страна на САД.“, изјави неименуван министер за надворешни работи на Северна Кореја, за локалната новинска агенција.

Оваа реакција следеше откако во понеделникот САД и Јужна кореја започнаа заедничка воена вежба во која учествуваат речиси 40 илјади војници. Таквите вежби  се одржуваат секоја година, а Северна кореја секогаш бурно реагира но, поминува без поголеми инциденти./крај/хи/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Објавено пред

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за да ја уверат јавноста во безбедноста на вакцината откако американската администрација за храна и лекови ќе ја одобри.

Тројцата поранешни претседатели се надеваат дека кампањата за подигнување на свеста за вакцинација ќе биде моќна порака, бидејќи американските службеници за јавно здравје се обидуваат да ја убедат јавноста да ја примат вакцината.

Фреди Форд, шефот на кабинетот на Буш, за Си-ен-ен изјави дека 43. претседател се обратил до д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести и врвен експерт за заразни болести, и д-р Дебора Бирк, координаторот за одговор на коронавирусот во Белата куќа, за да види како тој може да помогне во промовирање на вакцината.

„Пред неколку недели претседателот Буш ме замоли да им соопштам на д-р Фаучи и д-р Биркс дека, кога ќе дојде време, тој сака да стори сè што може за да им помогне на неговите сограѓани да се вакцинираат“, изјави Форд за Си-ен-ен.

„Прво, вакцините треба да се сметаат за безбедни. Потоа, Буш со задоволство ќе се вакцинира пред камера“, додава Форд.

Прес секретарот на Клинтон за Си-ен-ен изјави дека и тој би бил подготвен да ја прими вакцината јавно, со цел да ја промовира.

„Тој дефинитивно ќе ја прими вакцината штом биде достапна, врз основа на приоритетите утврдени од јавните здравствени службеници. И тој ќе го стори тоа јавно ако тоа им помогне на сите Американци да го сторат истото“, рече Анхел Урена.

Обама, пак, вели дека ако Фаучи рече дека вакцината за коронавирус е безбедна, тој верува во него.

„Во луѓето како Ентони Фаучи, кого го познавам и со кого работев, верувам во целост“, рече Обама. „Значи, ако Ентони Фаучи ми рече дека оваа вакцина е безбедна и може да се вакцинирам, апсолутно јас ќе ја примам“, рече Обама.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинеската сонда собра примероци од површината на Месечината

Објавено пред

Кинеската вселенска сонда испратена во мисија да го проучува досега неистражениот дел на Месечината, го заврши собирањето примероци и во тек се подготовки за испраќање на првите примероци од Месечината по четири децении.

Кина инвестираше милијарди во воена вселенска програма, во надеж дека ќе има вселенска станица со екипаж до 2022 година и ќе испрати луѓе на Месечината.

Вселенското летало „Чанг-5“, именувано по митската божица на Кина, слета на Месечината во вторникот и го заврши собирањето примероци од карпи и почви, соопшти кинеската Национална вселенска управа (ЦНСА).

Вселенското летало требаше да собере два килограми материјал од областа позната како Oceanus Procellarum – голема висорамнина лава, според научното списание „Nature“.

Научниците се надеваат дека примероците ќе им помогнат да научат нови работи за потеклото на Месечината, формирањето и вулканската активност на површината.

Државните медиуми оваа недела објавија дека леталото се подготвува за околу 48 часа задачи на Месечината.

Доколку успее во тоа, Кина ќе биде само третата земја што собира примероци од Месечината, по САД и Русија во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Ова е прв обид по Советската мисија Луна 24 во 1976 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка ја очекува најтемната здравствена криза во историјата

Објавено пред

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд,  предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе претставува најтемна здравствена криза во историјата на САД.

Трезвената порака од еден од највисоките здравствени службеници во земјата следуваше по прославата на Денот на благодарноста во која милиони Американци ги игнорираа предупредувањата за избегнување патувања и големи собири, дури и со големо зголемување на бројот на случаи со Ковид-19.

Покрај огромната загуба на животи, земјата се соочува и со фактот дека здравствениот систем е затегнат до степен на пукање, рече Роберт Редфилд.

Според него, заразата сега достигнала до сите делови на земјата и продолжува да се шири по многу пострмна патека од кој било претходен бран на пандемијата.

„Реалноста е дека декември, јануари и февруари ќе бидат тешки времиња“, рече Редфилд во живо на презентацијата организирана од Фондацијата на американската трговска комора.

„Всушност, верувам дека ова ќе биде најтешкото време во историјата на јавното здравје на оваа нација“, рече официјалното лице.

До денес, повеќе од 270.000 Американци починаа од Ковид-19. А Институт за метрика и оцена на здравствената состојба на Универзитетот во Вашингтон предвиде дека бројката може да достигне скоро 450.000 до 1 март ако не се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и носење маски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет52 минути

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 час

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет1 час

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион2 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ2 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа3 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет3 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет4 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион4 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа15 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет16 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт16 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија17 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија18 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија21 час

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет21 час

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија22 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија23 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија23 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Досие