Контакт

Свет

Цело село се хранело со ЛСД

Објавено пред

Селото Поинт Сент Есприт, кое се наоѓа во јужна Франција во 1951 година било погодено од мистериозно лудило во кое пет лица починале, а десетина завршиле во лудница, по половина дозна дека селаните се хранеле со ЛСД.

Селото Поинт Сент Есприт, кое се наоѓа во јужна Франција во 1951 година било погодено од мистериозно лудило во кое пет лица починале, а десетина завршиле во лудница, по половина дозна дека селаните се хранеле со ЛСД.

Откако избило масовно лудило, многумина го обвинувале селскиот пекар дека ги заразил луѓето поради неговата нехигиена.

Но, по половина век американски новинар пронашол докази, според кои лебот кој го произведувал локалниот пекар бил зачинет со ЛСД, една од најтешките дроги.

До откривањето дошол истражувајќи ја смртта на Франк Олсон, биохемичар од ЦИА кој под сомнителни околности паднал од 13ти кат во 1953 година.

Новинарот во својата книга „Страшна грешка: Убиство на Франк Олсон и студено-воените експерименти на ЦИА“ тврди дека ЦИА и Одделот за специјални операции од 1953 до 1965 година ЛСД испитувале на 5700 американски војници без нивно знаење. /крај/нет.хр/ин



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Објавено пред

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат.Евакуирани се околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок, изјави Радиа Џати портпарол на Министерството за вонредни ситуации. Не е пријавен ниту еден случај на настрадан или повреден, објави Ројтерс.

Министерството за транспорт издаде соопштение авионите да ја заобиколуваат областа, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелта паднала врз зградата и пистата.

Ерупциите на вулканот започнаа во октомври 2017 година. Тој е висок 5.423 метри и е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 180 лица приведени на протестите во Белорусија

Објавено пред

Групата за човекови права во Белорусија, „Вијасна“ тврди дека повеќе од 180 лица биле приведени за време на денешните протести против претседателот Александар Лукашенко.

Протестите се одржаа во Минск и во други градови и привлекоа илјадници луѓе. Во Минск, големи групи луѓе се собраа во различни делови на градот и покрај снежното време и на таканаречениот „Марш на соседите“ ги блокираа патиштата во некои области, пренесува АП.

„Сосед за сосед против диктатурата“, беше напишано на главниот транспарент.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да разбие дел од толпата во Минск, а некои демонстранти биле потиснати во станбени дворови и тепани со пендреци, соопшти Центарот за човекови права „Вијасна“.

Според групата, повеќе од 180 лица се приведени низ целата земја.

Пред митингот, во центарот на Минск беа видени водени топови, оклопни возила и полициски комбиња. Неколку метро-станици се затворени, а пристапот до интернет е ограничен.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија го осуди како терористички чин убиството на иранскиот нуклеарен физичар

Објавено пред

Атентатот врз иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризад е терористички акт што претставува провокација за Иран, а Русија го осудува злосторството, изјави денеска директорот на Државната дума за надворешни работи, Леонид Слуцки.

„Убиството на иранскиот физичар Фахризад е терористички чин и провокација за Техеран. Многу е важно да се спречи ескалација на тензиите во регионот”, напиша рускиот пратеник на „Твитер“, а пренесе „Тасс“.

Слуцки истакна дека Русија го осудува убиството, „без разлика кој стои зад ова злосторство“.

„Изразуваме длабоко сочувство до Иран и семејството на Фахризад“, додаде тој.

Иранската агенција ИСНА објави дека началникот на иранскиот Генералштаб, Саид Абдолрахим Мусави, тврди оти Израел и САД стојат зад атентатот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани уште вчера вети дека атентатот врз научникот нема да остане без одговор.

„Иран ќе даде одмерен и решителен одговор поради убиството на најдобриот државен нуклеарен научник Мохсен Фахризад“, изјави претходно советникот на Врховниот водач Али Хамнеи.

Некои весници во Техеран денес соопштија дека иранската одмазда „треба да вклучува напад врз израелскиот град Хаифа“.

Иранскиот министер за одбрана рече дека прво било пукано кон автомобилот на Фахризад, а кратко потоа експлодирал пикап-камион полн со експлозив на растојание од околу 15 до 20 метри. Набргу потоа, нуклеарниот физичар им подлегнал на повредите во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат.Евакуирани...

Македонија20 минути

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија35 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија12 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија16 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија17 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија20 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија21 час

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија21 час

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет22 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион22 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа23 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа23 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија2 дена

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион2 дена

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Досие