Свет
Нови последователни земјотреси во Чиле
Последователните потреси по катастрофалниот земјотрес на 27. февруари во Чиле со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер, кога загинаа 500 лица, продолжуваат и денеска.
Последователните потреси по катастрофалниот земјотрес на 27. февруари во Чиле со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер, кога загинаа 500 лица, продолжуваат и денеска. Сеизмолозите од Националната геолошка опсерваторија на САД ноќеска регистрираа серија земјотреси со магнитуда од 4,7 и 5,2 степени според Рихтер. Земјотрес со јачина 4,8 степени според Рихтер го погоди Либертадор О’Хигинс, еден од 15-те административни региони во јужноамериканската земја. Епицентарот на овој земјотрес бил на 110 километри северно од Талка, на длабочина од 35 километри. Во истиот регион беше регистриран уште еден силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер. Епицентарот на овој земјотрес бил на 135 километри југозападно од Сантијаго, на длабочина од 35 километри. Засега нема информации за жртви или евентуални штети. Неколку земјотреси го погодија регионот Биобио. Првиот бил со јачина од 4,7 степени по Рихтер и со епицентар на 165 километри југозападно од вториот по големина град во земјата Консепсион. Епицентарот на вториот земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер бил на 35 километри под земја, 40 километри северозападно од Консепсион. Земјотрес со магнитуда 5,3 степени го погоди Биобио. Третиот регион во Чиле Кокимбо бил погоден со земјотрес со јачина од 4,8 степени, чиј епицентар бил 270 километри југозападно од Кокимбо, 370 километри северозападно од Сантијаго. Најсилниот последователен земјотрес по 27. февруари беше регистриран на 11. март, кога земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го погоди подрачјето на 137 километри јужно од Валпараисо. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.