Контакт

Свет

Тензии во источен Ерусалим, распоредени полициски сили

Објавено пред

Израелската полиција распореди дополнителни сили во источен Ерусалим, во случај Палестинците да организираат масовни демонстрации во знак на протест поради отворање на обновената синагога во Стариот град.

Израелската полиција распореди дополнителни  сили во источен Ерусалим, во случај Палестинците да организираат масовни демонстрации во знак на протест поради отворање на обновената  синагога во Стариот град. Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд рече дека Палестинците во делови на источен Ерусалим „фрлале камења и палеле автомобилски гуми“. „Рапоредивме околу 3.000 луѓе во Ерусалим, посебно во Стариот град, за да го сочуваме редот и мирот во случај на демонстрации“, рече Розенфелд. Израелските власти вчера повторно ја отворија синагогата во Стариот град во Ерусалим. Палестинските движења Фатах и Хамас го осудија потегот на Израел. Тензиите дополнително нараснаа кога израелското министерство за внатрешни работи најави изградба на 1.600 домови во квартот каде што живеат ортодоксни Евреи во источен Ерусалим, каде што мнозинството жители се Арапи. /крај/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Комеморација за жртвите од нападот во германскиот град Трир

Објавено пред

Во германскиот град Трир денеска се одржа комеморација за петмината граѓани кои загинаа, кога автомобил влета во група пешаци во пешачката зона, при што беа повредени уште 15 лица.

„ Трир жали, Трир страда, но Трир нема да падне“, рече градоначалникот на градот Волфрам Леибе на комеморацијата во близина на местото каде 51-годишниот возач го изврши ужасниот чин.

Лаибе рече дека Трир „од Втората светска војна“ не доживеал нешто толку ужасно.

На комеморацијата пред историските ѕидини на Порта Нигра, од времето на Римската империја, се собраа неколку стотици граѓани. Венецот за жртвите го положи и премиерот на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Мала Дрејер.

„ Никој не можеше ни да претпостави дека вакво нешто може да се случи во Трир“, рече Дрејер.

52-годишен Германец вчера со теренско возило влета со голема брзина во пешачка зона при што загинаа пет лица, меѓу кои и девет недели старо бебе. Меѓу загинатите се 45-годишниот татко на детето и три жени на возраст од 25, 52 и 73 години. Повредени се 14 лица, од кои четири потешко.

Досега не е утврден ниту еден политички или верски мотив. Возачот на автомобилот, германски државјанин со локални корени, имал ментални проблеми во минатото и за време на трагедијата бил во алкохолизирана состојба со 1,4 промили алкохол во крвта.

Според полицијата, тој последните неколку дена ги поминал во автомобилот со кој бил извршен масакрот.

Според изјавата на Државното обвинителство, тој свесно возел по кривулестата патека со намера да убие што повеќе минувачи. Осомничениот треба да биде изведен пред истражен судија денес, кој треба да нареди притвор или пренесување во психијатриска установа.

Министерот за внатрешни работи на Рајнска област-Пфалц, Роџер Левенц изјави дека е тешко да се спречат нападите во кои автомобилот се користи како оружје.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро е подготвен да се повлече ако опозицијата победи на парламентарните избори

Објавено пред

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека е подготвен да се повлече ако опозициските сили на земјата победат на парламентарните избори на 6 декември, пренесува ТАСС.

„Ако победиме, продолжуваме понатаму, но исто така треба да кажам дека мојата судбина е во ваши раце. Ако победи опозицијата, јас ќе се повлечам од функцијата претседател“, рече Мадуро во телевизискиот говор.

Тој додаде дека неговата судбина треба да ја реши народот на Венецуела.

„Ако опозицијата победи на изборите, јас повеќе нема да останам овде, мојата судбина е во рацете на венецуелскиот народ“, рече Мадуро.

Изборите за еднодомниот парламент на Венецуела ќе се одржат в недела, а за места ќе се борат 107 политички партии и здруженија. Опозицискиот блок, во кој се наоѓа партијата на опозицискиот политички Хуан Гваидо, одлучи да ги бојкотира изборите.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен еден од најбогатите и највлијателните Словаци

Објавено пред

Словачката полиција го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во Словачка. Хашчак пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на шефот на инвестициската група „Пента“ е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

Повеќе од 20 години Хашчак важеше за најмоќен меѓу словачките т.н. олигарси кои, наводно, уживале систематска поддршка од политичарите.

Информативниот портал Aktuality.sk, на кој работел Куцијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази. Досега немаше доволно докази за да се обвини.

Групацијата „Пента“ себеси се претставува како водечки играч на пазарот на недвижнини во Словачка, Чешка и Полска. Таа е сопственик на банки и финансиски компании во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија27 минути

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија49 минути

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија53 минути

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет1 час

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион2 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет2 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион2 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија2 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет5 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет5 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија18 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија19 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија21 час

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие