Контакт

Свет

Припадник на сепаратистичката ЕТА уби француски полицаец

Објавено пред

Француското обвинителство смета дека зад убиството на полицаец во местото Сеин-ет-Марн, источно од Париз, баскиската сепаратистичка организација ЕТА.

Француското обвинителство смета дека зад убиството на полицаец во местото Сеин-ет-Марн, источно од Париз, баскиската сепаратистичка организација ЕТА.

Според француските медиуми, полицијата сопрела автомобил БМВ, што бил пријавен како украден, но набрзо од друг автомобил, било пукано на полициското возило.

Жртва на вчерашниот инцидент е 52-годишен полицаец, кој бил погоден иако носел заштитен елек. Полицијата го уапсила Јозеб Фернандес Аспурза, познат како Ел Гуинди, кој се бара во Шпанија за подметнување на пожари.

Ако се утврди дека се работи за припадник на ЕТА, ова ќе биде прв случај, жртва на баскиската сепаратистичка организација, дабиде француски полицаец./крај/хи/см



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Објавено пред

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба, бидејќи антителата постепено исчезнуваат од телото, покажа студијата на Американскиот центар за превенција и третман на болести (ЦДЦ)

Падот на нивото на антитела не мора да значи дека луѓето се изложени на ризик од повторна инфекција, бидејќи тие се заштитени од други делови на имунолошкиот систем и антителата дејствуваат дури и по првичната инфекција, велат експертите. Вистинското времетраење на имунитетот сè уште не е познато.

Тестирањето на антитела стана рутина во многу земји и се изведува на различни нивоа, со репрезентативни примероци, на цели места и често врз основа на примероци од банки на крв.

Тие помогнаа да се разбере реалната состојба на епидемијата, со дијагностички тестови кои имаат позитивни резултати само за време на инфекцијата, но не и потоа, и кои на некои места се премалку и главно не се прават на луѓе кои немаат симптоми.

ЦДЦ зеде крв и тестираше повеќе од 3.000 негуватели во 13 американски болници од април до јуни 2020 година. Истражувањето покажа дека 194 лица или 6 проценти имале антитела на коронавирусот, пишува „Индекс“.

Околу два месеци подоцна, 156 од нив биле повторно тестирани, а нивото на антитела паднало за 94 отсто. Кај 28 отсто, нивото било под прагот што обично укажува на тоа дека инфекцијата поминала.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Објавено пред

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус треба да му даде на светот значителна контрола над вирусот следната година.

„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во игра ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, рече Рајан, како што објави „Ројтерс“.

Тој додаде дека е неопходна свесност за потребата од намалување на шансата короната да продолжи да се шири.

„Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната може да има 15 луѓе кои лупат компири и подготвуваат оброци за Божик заедно. Не смееме да го направиме тоа сега”, додаде Рајан.

Прикажи повеќе...

Свет

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Објавено пред

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели дека Конгресот нема да донесе декрет за воведување на задолжителна вакцинација и дека нема да се бара тоа од граѓаните.

„Ви велам, нема да се вакцинирам. Тоа е мое право”, рече Болсонаро како што пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, уште еднаш изрази сомнеж за ефективноста на носењето маска и имплицираше дека има малку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба,...

Свет45 минути

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус...

Свет1 час

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против коронавирус. Тој во видео објава преку социјалните мрежи вели...

Спорт2 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет2 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577 000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19 се потврдени за еден ден ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО),...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет2 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија13 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија15 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија16 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа16 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион18 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија18 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија19 часа

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија20 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија21 час

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија23 часа

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија1 ден

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија1 ден

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Досие