Свет
Силно невреме во Перт-властите ги бројат штетите
Десетици илјади жители останаа без струја а голем број живеалишта беа оштетени како последица на силното невреме што во понеделник навечер го погоди западниот австралиски град Перт.
Десетици илјади жители останаа без струја а голем број живеалишта беа оштетени како последица на силното невреме што во понеделник навечер го погоди западниот австралиски град Перт.
Силен дожд, град, поплави, одрони на земјиште и ветер со брзина од 120 километри на час предизвикаа хаос во сообраќајот.
Дел од кровот на аеродромот во Перт беше одвеан од ветрот, а голем дел од далноводите беа пресечени.Под вода останаа и дел од болниците, а некои од училиштата денеска останаа затворени.
“Колку што се сеќавам ова е најлошото невреме од она во 1994 година кога дуваа силни ветришта, а многу луѓе останаа без електрична енергија“, изјави премиерот на Западна Австралија, Колин Барнет за “Еј-Би-Си“ и додаде дека овој пат штетата на електричната мрежа не би требала да биде толку голема. Според прогнозите на премиерот овојпат невремето предизвикало поголеми штети на инфраструктурата.
Австралиските метеоролози предвидуваат период на нестабилно време после едно од најсушните лета во историјата на Австралија./крај/ин/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен, во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, а ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе Интерфакс.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали за речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.