Свет
Новинар сакал да го уапси Тони Блер
Ирскиот новинар Дејвид Кронин за време посетата на Тони Блер на Европскиот парламент, се обидел да изврши граѓанско апсење на поранешниот британски премиер.
Ирскиот новинар Дејвид Кронин за време посетата на Тони Блер на Европскиот парламент, се обидел да изврши граѓанско апсење на поранешниот британски премиер.
Според новинарот, причина за апсењето се воените злосторствата во Ирак, Авганистан, Палестина, Либан и Србија, за кои го смета за одговорен.
“Ова е граѓанско апсење, виновни сте за воени злосторства“- му рекол Кронин на поранешниот премиер, но набрзо бил совладан од телохранителите.
Новинарот се доближил до Блер со намера да го однесе во најблиската полициска станица и да го обвини за воена агресија, со која што ги прекршил меѓународните закони.
Кронин не е уапсен, ниту пак, избркан од зградата на парламентот, туку самиот ја напуштил просторијата.
Тој бил инспириран од обидите на британскиот активист на движењето за човекови права Питер Татчел, кој се обидел на истиот начин да го уапси претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе во Брисел 2001 година.
Сличен обид за апсење на Тони Блер имаше Грејс Мекејн, која се обиде да го приведе поранешниот премиер на Британија, по неговото сведочење пред истражната комисија за улогата на земјата во нападите на Ирак во 2003 година.
“Сезоната на лов“ на Блер, почна откако на интернет се формира фонд за награда на секој кој ќе успее да го уапси поранешниот премиер.
За трудот ќе му припадне четвртина од собраните пари, кои што во овој случај Кронин сакал да ги донира во хуманитарни цели./крај/нова/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека нападот е „страшна трагедија што не требаше да се случи“.
„Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да се направи на ниту една нација и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.