Контакт

Свет

Камбоџа донесе закон против нападите со киселина

Објавено пред

По години на индиферентност кон нападите со киселина кои ги осакатуваа и мажите и жените, властите конечно решија да донесат закон кој ќе го регулира продавањето на киселината и ќе ги казни извршителите.

По години на индиферентност кон нападите со киселина кои ги осакатуваа и мажите и жените, властите конечно решија да донесат закон кој ќе го регулира продавањето на киселината и ќе ги казни извршителите.

Овој закон е дел од обидите на земјата да го среди својот нарушен имиџ пред меѓународната заедница, во време кога Камбоџа ја развива својата економија, пренесе Ројтерс.

Нападите со киселина се често акти на љубомора, и моментално се во центарот на национална дебата за тоа како да се третира оваа широко достапна супстанција.

По седум напади во 2008, бројката скокна на 28 напади во 2009 година. Оваа година веќе биле пријавени уште десет нови напади со киселина, велат од непрофитната „Хуманитарна организација на преживеани од напад со киселина во Камбоџа“.

Кео Среи е обележена за цел живот откако брутално била нападната со врела киселина. Нејзиното тело е покриено со изгореници и таа е слепа на едното око. Како и многу други жртви на нападите со киселина во Камбоџа, Среи многу добро го знае својот напаѓач ,нејзиниот девер,  но полицијата досега нема направено ништо за изнесе пред правдата.

Властите со новиот закон ветуваат дека напаѓачите ќе бидат казнувани со можна доживотна казна во затвор и со него, сите продавачи на киселина ќе мораат да бидат лиценцирани. /крај/ро/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Полицијата го уапси возачот кој прегази група луѓе во Германија

Објавено пред

Камерите го снимиле моментот кога полицијата апсеше возачот на автомобилот кој влета на пешачката зона во германскиот град Трир, убивајќи најмалку четири лица и повредувајќи уште неколку други.

На видеото се гледа како тројца полицајци му ставаат лисици на осомничениот, а може да се види и темно сивиот „ренџ ровер“ со кој луѓето беа покосени на улицата.

Осомничениот возеше со голема брзина низ пешачката зона во центарот на Трир.

Најмалку 4 лица загинаа, а 15 други беа повредени во инцидентот, изјави за локалните медиуми Волфрам Леибе, градоначалникот на Трир.

Полицијата го опколи центарот на градот додека ги истражува околностите и можниот мотив на возачот.

Осомничениот е 51-годишен жител на областа Трир-Сарбург, објави полицијата на Твитер.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија, има загинати

Објавено пред

Најмалку две лица загинаа, а околу десет се повредени кога автомобил удрил во нив во пешачка зона, во градот Трир во западна Германија, соопшти полицијата.

Како што пренесува РТЛ, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштата во близина се заклучени и следат протокол за случај на можен терористички напад.

Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал низ пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“.

Полицајците ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.

Локалните медиуми известуваат дека возачот е задржан во полиција, додавајќи дека деталите за инцидентот се нејасни, пренесе „Дејли мејл“.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија рекордни 7.999 новозаразени со коронавирус, 48 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа биле забележани рекордни 7.999 случаи на коронавирус од 22.837 тестирани. Починаа 48 лица.

Ова е најголем број на тестирани и заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата.

На апарати за дишење се приклучени 269 пациенти.

Угостителските објекти и услужните дејности ќе можат да работат само до 17 часот во работните денови, а за време на викендите воопшто нема да можат да работат, е една од новите мерки предложени од Кризниот штаб, што ќе ги донесе владата на седницата в четврток. Мерките ќе важат од петок.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија3 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија4 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион4 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија5 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија6 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија8 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион8 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија9 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет9 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет9 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет9 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет10 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет10 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија11 час

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија18 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет21 час

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион22 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија23 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Досие