Контакт

Свет

Германија и Франција бараат решение за грчката криза

Објавено пред

Неколку часа пред самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, сè уште траат забрзаните преговори меѓу Германија и Франција, за тоа како да се реши должничката криза во Грција.

Неколку часа пред самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, сè уште траат забрзаните преговори меѓу Германија и Франција, за тоа како да се реши должничката криза во Грција. Берлин бара клучна улога во тој процес да добие Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и остри санкции за земјите, што ги прекршуваат буџетските правила. Од друга страна, Грција и Европската комисија (ЕК) ги повикуваат лидерите на еврозоната на самитот да дадат поддршка на механизмот, што би и помогнал на Атина да дојде до евтини кредити. Поради лошиот кредитен рејтинг на Грција, каматите на репрограмираниот долг на оваа земја од 20 милијарди долари, кој стига во април и мај, двојно се поголеми од стапките по кои се задолжува Германија. Франција и Шпанија свикаа состанок на лидерите на еврозоната на маргините на бриселскиот самит, но Германија стави до знаење дека нема да учествува на тој состанок, ако претходно не се постигне согласност за решение на грчката криза. /крај/фо/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Објавено пред

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на џамиите, најави министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин.

Тој на Твитер напиша дека една од акциите ќе биде проверка на 76 џамии.

Дарманин истакна дека резултатот од тие акции, ако бидат утврдени врски со екстремизам, би можело да биде и затворање на одделни џамии.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција.

Управата за катастрофи и вонредни ситуации АФАД соопшти дека нема непосредни извештаи за жртви или материјални штети од потресот, кој бил на длабочина од 20 километри во 8.45 часот по локално време.

Турција, која се наоѓа на трусно подрачје, оваа година веќе ја погодија два силни земјотрси – еден минатиот месец го потресе западниот пристаништен град Измир, при што загинаа 117 луѓе и вториот во провинцијата Елазиг, кога загинаа 41 човек.

Прикажи повеќе...

Европа

Драматично апсење словачки олигарх поради прикривање докази

Објавено пред

Словачката полиција го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во земјата. Тој пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на водачот на инвестициската групација Пента е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак. Хашчак се сметаше за најмоќен меѓу словачките олигарси повеќе од 20 години и ја уживал поддршката на политичарите.

Информативниот портал Aktuality.sk, на кој работеше Куцијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази. Досега немало доволно докази за да се обвини Хашчак.

Групацијата Пента се претставува како водечки играч на пазарот на недвижности во Словачка, Чешка и во Полска“. Тој е сопственик на банки и финансиски фабрики во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион10 минути

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа11 час

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет12 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт12 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија13 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија14 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија17 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет17 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија19 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија19 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија19 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија20 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија20 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет20 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион20 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет21 час

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион21 час

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија21 час

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Досие