Контакт

Свет

Одлуката за пасошите в понеделник

Објавено пред

Второстепената владина комисија за жалби најави дека одлуката по жалбите

за тендерот за нов македонски пасош ќе се знае в понеделник.

УШТЕ

ЕДНО ОДЛОЖУВАЊЕ

Второстепената владина комисија за жалби најави дека одлуката по жалбите

за тендерот за нов македонски пасош ќе се знае в понеделник. "Првостепената

комисија на МВР достави писмени образложенија на некои дополнителни прашања

поврзани со жалбите. Во понеделник ќе одлучиме", вели Петар Шилегов,

претседателот на жалбената комисија.

Комисијата нема да ги разгледува видеозаписите ниту тонските снимки од

седниците кога првостепената комисија на МВР ги оценувала понудите. "Нема

да ги прегледуваме лентите затоа што ниедна фирма нема приговори за текот на

постапката", изјави Шилегов. Комисијата смета дека јавноста е

дезинформирана со мноштвото изјави на наводно "упатени во понудите на

тендерот".

"Само 20 луѓе имаа реален увид во сите понуди. Се друго се конструкции зад

кои стојат бизнис интереси", велат во Комисијата.

По елиминирањето на две жалби, во игра се останати уште италијанската фирма

"Институто полиграфико" и австриски "Сименс". (А.С.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија

Објавено пред

Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кој ја советува владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на коронавирус, биле сведоци на нападот, пренесува Ројтерс.

Напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата. Никој не бил повреден.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.

Медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт, Роберт Кох, Лотар Вилер, кој рече дека постојат два клучни фактори што го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеата и разговорите.

„Онаму каде што луѓето разговараат и се смеат во мал простор, постои голема опасност од пренесување на заразата“, рече вчера Вилер.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган продолжи со критиките за Макрон: „Тој треба да биде подложен на испитувања“

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска повторно изрази сомнеж за менталното здравје на Емануел Макрон, еден ден откако изнесе сличен став кон францускиот претседател, што предизвика бурна реакција од Париз.

За време на денешното телевизиско обраќање, Ердоган рече дека францускиот претседател е деноноќно опседнат со него.

„Макрон е случај и навистина треба да биде подложен на испитувања“, рече турскиот претседател.

Ердоган неодамна ја оцени како провокација изјавата на Макрон за „исламистичкиот сепаратизам“ и потребата Франција да го структурира исламот, бидејќи властите во Париз подготвуваат закон за тоа прашање.

Турскиот претседател тогаш го осуди односот на Макрон кон муслиманите за време на телевизиското обраќање во саботата.

„Сè што можеме да кажеме за шефот на државата кој третира милиони припадници на различни верски заедници на овој начин е – одете на прегледи за ментално здравје“, рече Ердоган и додаде дека на Макрон му треба третман.

Минатата недела, на комеморацијата на убиениот учител Самуел Пати, францускиот претседател рече дека земјата „ќе продолжи да ги брани карикатурите“.

Пати беше убиен од исламист затоа што им покажал карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед на учениците на часот за слободата на изразување.

Како одговор на изјавата на Ердоган во саботата, која беше оценета како неприфатлива, Франција го повика својот амбасадор во Анкара на консултации и тоа се случува за прв пат по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Париз и Анкара имаат различни ставови за голем број меѓународни прашања, како што се тензиите во источниот Медитеран, конфликтите во Либија и регионот Нагорно Карабах, каде што Турција го поддржува Азербејџан против Ерменија.

Прикажи повеќе...

Регион

Борисов позитивен на коронавирус

Објавено пред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на COVID-19. Чувствувам малаксаност, во моментот, по проценка на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека заедно ќе се справиме“, напиша Борисов.

Въпреки че РЗИ официално ми свали карантината, още в петък отложих всички срещи и публични прояви за предстоящите дни….

Posted by Boyko Borissov on Sunday, October 25, 2020

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија2 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион3 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Македонија4 часа

Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Амди Бајрам...

Регион6 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа6 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион8 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ9 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија10 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија11 час

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија11 час

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија23 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион1 ден

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Досие