Свет
Регулаторот допрва ќе ја корегира ценовната понуда на Телеком
Регулаторот
до крајот на неделава ќе ја оддобри понудата на Телеком за поврзување со
останатите оператори, ама без цените по кои Телеком ќе ја нуди својата мрежа на
конкуренцијата
ПОПЛАВА
ГО ОДЛОЖИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ТЕХНИЧКИОТ ДЕЛ ОД РЕФЕРЕНТНАТА ПОНУДА НА МАКТЕЛ
Регулаторот
до крајот на неделава ќе ја оддобри понудата на Телеком за поврзување со
останатите оператори, ама без цените по кои Телеком ќе ја нуди својата мрежа на
конкуренцијата
Агенцијата
за електронски комуникации до крајот на неделава ќе ја оддобри понудата на
Телеком за поврзување со останатите оператори, ама без цените по кои Телеком ќе
ја нуди својата мрежа на конкуренцијата.
Директорот на Агенцијата Коста Трпковски минатата недела најави дека најдоцна
до денеска ќе го објави техничкиот дел од понудата, но, вчера во Агенцијата
немало услови за работа бидејќи дел од просториите биле поплавени. Водата
протекла од становите кои се над Агенцијата.
Објавувањето на делови од референтна понуда претставува продолжување на
монополот на Телеком и блокада за заинтересираните оператори за фиксна
телефонија, но според Трпковски цените треба да се доработат.
"Техничкиот дел од референтната понуда е готов, додека цените треба да се
доработат", вели Трпковски неодредувајќи уште колку време ќе треба да се
чека да ги оддобри и цените. Според него оддложувањето на цените нема да го
блокира стартот на конкуренцијата, бидејќи засега ниту еден потенцијален
конкурент на Телеком не се изјаснил дека има потреба да се забрза постапката. А
потребно е да се доврши последниот подзаконски акт, кој е со рок на објавување
до крајот на годинава.
Македонски телекомуникации, пак, неодамна се изјасни дека од нивна страна при
подготовката на рефернтната понуда се запазени сите законски рокови.
Последниот законскиот рок за објава на референтната понуда, која треба да
создаде услови за либерализација на пазарот, измина на 13 – ти месецов. Додека
законки гарантираниот монопол на Телеком прекина на почетокот на годинава.
Недела дена подоцна Владата излезе со препорака да се забрза процесот на
либерализација на телекомуникацискиот сектор во земјава. Владата беше предлагач
на Законот за електорнски комуникации, согласно кој работи Агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.