Свет
Листа на бомбашки напади во Москва
Најмалку 40 лица загинаа, а 38 се повредени во две одделни експлозии во подземната железница во Москва. Денешниот напад следува по десетината смртоносни напади што во Москва се случија во последните 15 години.
Најмалку 40 лица загинаа, а 38 се повредени во две одделни експлозии во подземната железница во Москва. Денешниот напад следува по десетината смртоносни напади што во Москва се случија во последните 15 години.11-ти јули 1996 – Бомба експлодира во московското метро, при што загинаа четири лица, а 12 беа повредени. 11/12-ти јули 1996 – Бомба експлодира пред тролејбус во центарот на Москва, при што беа повредени пет лица. Следниот ден во сличен напад беа повредени околу 30 лица. Нападите беа поврзани со чеченските бунтовници. Неколку дена подоцна тоа беше негирано од чеченска страна. 31-ви август 1999 – Бомба експлодира во три-катниот трговски центар Манеж, во близина на Кремљ. Околу 29 лица беа повредени.. Властите го нарекоа терористички акт, но не го поврзаа со активностите на чеченските сепаратисти. 9-ти септември 1999 – Силна експлозија уништи станбен блок во југоисточна Москва, при што загинаа 94, и беа повредени околу 200 лица. 13-ти септември 1999 – Осум-катна зграда е уништена во експлозија на бомба во Москва, при што загинаа 118 лица. Властите го карактеризираа како терористички напад и ја зајакнаа безбедноста во градот. Чеченските бунтовници беа обвинети за нападот, иако тамошните лидери не ја презедоа одговорноста за нападот. 8-ми август 2000 – Вкупно 13 лица загинаа, а десетина беа повредени во експлозија во подземен премин во Москва.5-ти февруари 2001 – Мала бомба експлодира во една од најфрекфентните станици на подземната железница во Москва, при што беа повредени девет лица и беше предизвикана помала материјална штета. 19-ти октомври 2002 – Бомба експлодира во една фреквентна населба во југо-западна Москва, при што загина едно лице, а беа повредени седум лица. 5-ти јули 2003 – Две жени бомбаши-самоубијци се разнесоа себе си за време на рок фестивал во Тушино, Москва, при што загинаа 15 лица. 9-ти декември 2003 – Шест лица загинаа во експлозија во центарот на Москва. Властите обвинија дека нападот е дело на жени бомбаши-самоубијци од Чеченија. 6-ти февруари 2004 – Силна експлозија, најверојатно активирана од бомбаш самоубиец, уби 39, а повреди 100 лица во подземната железница во Москва.31-ви август 2004 – Десет лица загинаа, а 51 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во центарот на Москва.21-ви август 2006 – Во експлозија на бомба во маркет во предградие на Москва загинаа 10 лица.29-ти март 2010 – Во две одделни експлозии во Москва загинаа најмалку 40 лица, а најмалку 38 се повредени. /крај/reuters/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.