Свет
Без алкохол на Велики петок во Ирска
Во Ирска Велики петок е „сув ден“ односно ден, кога консумацијата и продажбата на алкохол е забранета.
Во Ирска Велики петок е „сув ден“ односно ден, кога консумацијата и продажбата на алкохол е забранета.
Денеска сите пабови, барови, и дискотеки се затворени. Забранета е продажбата на алкохолни пијалоци во продавниците, супермаркетите и бензиските пумпи.
Купувањето на алкохол дозволено е единствено во рестораните за време на оброците, и тоа во вистинските ресторани, а не за брза храна.
Законот датира од 1928 година, а ревидиран е во 2000 година и е доста прецизен.
За време на Велики петок и на Божик незаконска е продажба на било кој алкохолен пијалок или работа на било кое продажно место каде има алкохолни пијалоци и ликери.
Меѓутоа, исклучок ќе биде направен во Лимерика, град на југозападот, каде денеска се одржува рагби меч меѓу екипите „Лајнстер“ и „Манстер“.
Градоначалникот на Лимерика покрена кампања поради ова случување да бидат отворени пабовите, бидејќи се очекува посетеност од 26.000 навивачи. /крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.