Свет
Папата повторно осомничен за криење на педофилија меѓу свештениците
Префектот на Конгрегацијата за верски науки Јосеф Рацингер, односно сегашниот Папа Бенедикт 16-ти повторно е осомничен за криење на педофилија меѓу свештениците.
Префектот на Конгрегацијата за верски науки Јосеф Рацингер, односно сегашниот Папа Бенедикт 16-ти повторно е осомничен за криење на педофилија меѓу свештениците.
Бенедикт 16-ти во 1992 година го преземал случајот за свештеник од Аризона, и покрај тоа што имало десетици злоставувани деца, тој случај останал нерешен.
Повикувајќи се на црквени преписки „Асошиејтед прес“ обајви дека црквениот трибунал утврдил дека свештеникот Мајкл Тет од Тусон Аризона навистина ги злоставувал децата уште од доцните 70-ти години на 20 век.
Трибуналот утврдил дека однесувањето на свештеникот е речиси „сатанско“ и тогашниот случај го предале на надлежниот кардинал Јосеф Рацингер. Во потпишано писмо од 1992 година Рацингер, т.е Бенедикт 16ти, го известил Бискупот Морено дека го преземал надзорот на случајот, а по пет години никаква акција не била преземена кон обвинетиот Мајк Тет кој требало да добие казна од седум до девет години затвор.
Другиот случај на Рацингер е поврзан со случајот на Роберт Трупи за кој весникот „Дејли Аризона стар“ прв објавил за неговото скандалозно однесување а Ватикан го суспендирал свештеникот Трупи во 1992 година, но тој е исклучен од свештенството дури во 2004 година./крај/хина/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.