Свет
Спасувачите влегоа во рудникот во Кина
Спасувачка група и нуркачи влегоа во поплавениот рудник во провинцијата Шанси на северот од Кина во кој веќе шест дена се заробени 153 рудари.
Спасувачка група и нуркачи влегоа во поплавениот рудник во провинцијата Шанси на северот од Кина во кој веќе шест дена се заробени 153 рудари.
Спасувачите неколку часа се обидувале да ги вратат рударите на површината но како што јавува АП ситуацијата е многу тешка.
Операцијата за спасување следеше откако вчера во рудникот се слушнаа звуци и тропање и кои им дадоа знаци дека можеби рударите се живи но тие звуци денеска престанаа.
Според кинеската телевизија поради матната вода, многу е тешко да се допре до местото каде се наоѓаат рударите, бидејќи рудникот е распореден на девет нивоа.
Во акцијата за спасување работат околу 3000 спасувачи а експертите проценуваат дека преживувањето во рудникот ќе зависи од квалитетот на воздухот и водата во рудникот./крај/фонет/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.