Свет
Објавена снимка на напад од американски хеликоптер врз цивили
На тајната снимка на американската војска, која во понеделникот ја прикажа групата „Викилик“, се гледа напад од хеликоптер во кој се убиени десетина луѓе во Багдад, вклучувајќи и двајца членови на екипата на Ројтерс.
На тајната снимка на американската војска, која во понеделникот ја прикажа групата „Викилик“, се гледа напад од хеликоптер во кој се убиени десетина луѓе во Багдад, вклучувајќи и двајца членови на екипата на Ројтерс.Оваа група, која се бори против корупцијата со „откривање на тајни информации“, на прес конференцијата за новинарите, ја објави кодираната снимка од нападот изведен на 12. јули 2007 година од страна на американската војска.Ројтерс пренесе дека еден претставник од американското министерство за одбрана ја потврдил автентичноста на снимката.Во инцидентот загинаа и локалниот фотограф на Ројтерс, Намир Нур- Алдин (22) и возачот соработник – Саид Чмаг (40). Војниците во двата хеликоптери кои го извршиле нападот, помислиле дека камерите на новинарите се оружје.Најпрво оган е отворен врз групата од девет луѓе кои се собрани на аголот на една улица, а потоа врз комбето кое застанува да им помогне на ранетите.Ројтерс побара да им се достави снимката, но тоа се уште не е направено.Портпаролот на „Викилик“, Џулијан Асанџ, го отфрли официјалниот став на американската војска дека нападот е оправдан.Според неговите зборови, снимката покажува дека војниците во хеликоптерите се однесувале како да играат компјутерска игра и сакаат да постигнат што поголем број на поени убивајќи ги противниците. Видео снимката може да ја погледнете тука. /крај/тј/бл/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.