Свет
Студија: Шпанија се загрева побрзо од другите земји
Во текот на последните три децении Шпанија се загревала побрзо од другите земји на северната хемисфера, покажа научниот извештај кој денеска го претстави шпанското министерство за екологија.
Во текот на последните три децении Шпанија се загревала побрзо од другите земји на северната хемисфера, покажа научниот извештај кој денеска го претстави шпанското министерство за екологија.Тешко погодена од климатските промени, Шпанија од 1975 година бележи прогресивно зголемување на просечната температура за 0.5 степени Целзиус во текот на една деценија. Како што се наведува во извештајот, тоа е за 50 отсто повеќе од средното ниво на земјите од северната хемисфера.Извештајот го правеше истражувачката група „Кливар“ која се занимава со предвидување на климатските промени и таа опфаќа студија направена од 120 шпански научници.Научниците предвидуваат дека на крајот на 21 век, просечната температура во текот на летото ќе биде поголема за шест степени Целзиус, а во текот на зимата за два до три степени.Како што наведуваат експертите, Шпанија, која е најсушна европска земја, е погодена од „африканизација“ на климата, која и се заканува со суша на третина од нејзината територија./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.