Свет
Над 800 килограми кокаин запленети во Шпанија
Шпанската полиција заплени 814 килограми кокаин и уапси седум лица, кои припаѓаат на една од најдобро организираните групи за дрога на медитеранскиот остров Ибица.
Шпанската полиција заплени 814 килограми кокаин и уапси седум лица, кои припаѓаат на една од најдобро организираните групи за дрога на медитеранскиот остров Ибица.Дрогата била скриена во камион, кој претходно бил обоен како камионите кои ги придружуваат спортистите од релито Париз -Дакар. На овој начин трговците се надевале дека ќе поминат непречено на патот но, биле спречени во Билбао пред да го продолжат патувањето кон Ибица, соопштува локалната полиција.Освен кокаинот полицијата во камионот открила 15 илјади таблети екстази, канабис во вредност од 47 илјади евра и две парчиња оружје./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.