Свет
Боливија обвини јапонска фирма за крадење на природни ресурси
Министерот за надворешни работи на Боливија Давид Чокехуанка ја обвини јапонската рударската компанија Сумитомо (Sumitomo) дека ги краде природните ресурси на земјата при извозот на олово и сребро.
Министерот за надворешни работи на Боливија Давид Чокехуанка ја обвини јапонската рударската компанија Сумитомо (Sumitomo) дека ги краде природните ресурси на земјата при извозот на олово и сребро.
Министерот за надворешни работи рече дека локалната единица на јапонскиот гигант Сумитомо “не плаќа ниту цент за потрошувачката на 600 литри вода во секунда за време на рударската дејност“.
„ Мултинационалната корпорација ги краде нашите природни ресурси, краде тони минерали секој ден, но не плаќа за вода што се користи“, рече Чокехуанка.
Тој се пожали дека претходните влади прифатиле закони во корист на странските компании и рече дека администрацијата на социјалистите на претседателот Ево Моралес, работи за промена на законите.
Пред два дена, Токискиот бизнис-весник „Ники“ објави дека Јапонија планира да понуди економска помош на земјите богати со ретки метали, кои можат да се користат за еколошки автомобили.
Предводник на листата е токму Боливија. Јапонија ќе предложи стотици милиони долари во заеми за изградба на 100 мегаватна геотермална електростаница во Боливија.
Се смета дека во Боливија се наоѓаат околу половина од светските резерви на литиум, кој се користи во литиумските батерии кои се користат за новата генерација електроавтомобили./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.