Свет
САД: Исламската заедница со закани за авторите на „Саут Парк“
Исламската заедница со седиште во Њујорк им се закани на креаторите на „Саут Парк“ поради неодамнешната 200-та епизода на сатиричната анимирана серија, бидејќи оцени дека е навредлива за пророкот Мухамед.
Исламската заедница со седиште во Њујорк им се закани на креаторите на „Саут Парк“ поради неодамнешната 200-та епизода на сатиричната анимирана серија, бидејќи оцени дека е навредлива за пророкот Мухамед. Заедницата им се закани на авторите Треј Паркер и Мет Стоун дека ги очекува судбината на Теа ван Гог, холандскиот режисер кој во 2004. беше убиен од исламски милитант, извести CNN во средата. Заедницата, која се нарекува „Муслиманска револуција“, се огласи на својата интернет страница по прикажувањето на јубилејната епизода, во која се прикажани главни личности на разни религии, вклучувајќи ги Мојсеј, Исус и Буда, додека пророкот Мухамед, чие прикажување е забрането, носи костум од кадифена мечка. „Ние мораме да ги предупредиме Мет и Треј дека тоа што го прават е глупаво, и дека најверојатно ќе завршат како Тео ван Гог. Ова не е закана, туку предупредување за реалноста и она што најверојатно ќе им се случи,“ порача Абу ал-Талхах Амрике, лидерот на заедницата. Тео ван Гог, правнук на братот на славниот сликар Винсент Ван Гог, беше убиен на втори ноември 2004 година на улица во Амстердам по прикажувањето на неговиот филм кој говори за злоставувањето на муслиманските жени во некои од исламските општества. Мароканецот Мохамед Бујери (26) го застрела со осум куршуми, потоа со нож скоро го обезглавил и му забил два ножа во градите, а на еден од нив оставил порака од пет страници. Бујери е осуден на доживотен затвор. Ритуалното убиство на Ван Гог ја потресе Холандија и трајно го промени односот спрема доселениците од арапските земји, кои отсекогаш не се асимилираат во општеството, не учат јазик, туку претежно живеат во свои затворени заедници. Кабловската ТВ мрежа „Комеди Централ“, која ги емитува епизодите на „Саут Парк“, одби да ги коментира заканите на исламската заедница од Њујорк./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.