Свет
Британските авиокомпании ја тужат Владата поради забраната за летање
Британскиот воздушен простор беше затворен поради лажни и измислени причини, тврдат авиокомпаниите.
Британскиот воздушен простор беше затворен поради лажни и измислени причини, тврдат авиокомпаниите. Нивен доказ се сателитските снимки кои покажуваат дека облакот од вулканска пепел воопшто не поминал над Велика Британија.
На половина милион Британци им беа откажани летовите а стотици милиони фунти неповратно исчезнаа од благајните на авиокомпаниите поради узбуната која британските власти ја предизвикаа по ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул, пишува Дејли меил (Daily Mail).
„ Очигледно е дека на почетокот од оваа криза имаше недостаток на податоци. Исто така, вистина е и дека пепелта на Британија некое време не беше воочлива“, изјави Џим МекКен од службата за цивилна авијација.
Сега авиокомпаниите, врз основа на сателитските снимки, ја тужат владата поради претрпените загуби од приземјувањето на авионите.
Одлуката на националната контрола на воздушниот сообраќај за забрана за летање се темели на компјутерски предвидувања кои покажувале дека облакот од пепел се движи јужно од Исланд.
Шефот на авиокомпанијата „Вирџин Атлантика“ Ричард Брансон исто така изјави дека не постоела никаква опасност за летање и тој бара компензација со владата во износ од 1,7 милијарди долари.
„Голем дел од одлуката за приземјување на авионите зависеше од Британската влада и затоа сметаме дека токму владата треба да ја искомпензира загубата во авиоиндустијата. Нашите експерти не кажаа дека нема опасност за летање и дека би било опасно само да се лета над исландскиот вулкан“, изјави Брансон. /крај/дневник.хр/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.