Свет
Принцот Хари зема часови за летање со хеликоптер
Британскиот принц Хари ќе зема часови за летање со хеликоптер со надеж дека ќе се врати на фронтот во Авганистан.
Британскиот принц Хари ќе зема часови за летање со хеликоптер со надеж дека ќе се врати на фронтот во Авганистан.
Дваесет и петгодишниот Хари треба да реши до идната седмица дали ќе лета со хеликоптер модел „Lynx“ или „Apache“ но изборот не зависи само од него туку и од неколку воени претставници.
Синот на трагично загинатата принцеза Дајана служи во британската армија, тој на крајот на 2007 година и почетокот на 2008 беше на фронт во Авганистан.
Кога медиумите го обелоденија неговот присуство во Авганистан, решија да го повлечат да не му се случи нешто опасно./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.