Свет
Најмалку четворица турски војници загинаа при напад на курдските бунтовници
Најмалку четворица турски војници загинаа, а седум се ранети во источна Турција за време на најголемиот напад на турските бунтовници во последните месеци, соопштија денеска властите.
Најмалку четворица турски војници загинаа, а седум се ранети во источна Турција за време на најголемиот напад на турските бунтовници во последните месеци, соопштија денеска властите.
Бунтовниците кои се борат за отцепување на делот на Турција кој е населен со Курди, во утринската магла со рачни ракетни фрлачи и автоматско оружје ја нападнаа изолираната воена база во покраината Тунчели, јавува турска телевизија.
Меѓу загинатите е и командантот на воената база, а состојбата на двајца повредени војници е критична.
Војската подготви борбени хеликоптери за да ги најде напаѓачите, но поради маглата не полета.
Судирите се засилија во декември 2009 година, кога Врховниот суд ја забрани прокурдската Партија за демократско општество.
Курдите со децении се борат против турската држава, а како засолниште го користат соседен Ирак. /крај/бт/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.