Свет
Дупката во Мексиканскиот залив се затнува со метално ѕвоно
Компанијата Бритиш петролеум во петок спуштила огромно метално ѕвоно врз нафтената бушотина надевајќи се дека така ќе спречат натамошно излевање на нафта која предизвикува еколошка катастрофа на јужниот брег на САД.
Компанијата Бритиш петролеум во петок спуштила огромно метално ѕвоно врз нафтената бушотина надевајќи се дека така ќе спречат натамошно излевање на нафта која предизвикува еколошка катастрофа на јужниот брег на САД. Како што изутрината пренесоа американските медиуми, четирислојното ѕвоно со тежина од 100 тони кое треба да го спречи неконтролираното истекување нафта од урнатата нафтена платформа, е спуштено на длабочина од 1,6 километар со помош на подводни роботи, пренесува Rеuters. Агенцијата пренесува изјави на службени лица од BP кои се надеваат дека со помош на ова ѕвоно ќе можат да ја испумпуваат нафтата на површината. Досега на ваква длабочина не е испитана слична направа, зашто оваа операција ја загрозуваат недостигот од светло, силни морски струи и особено притисокот на водената маса. „Притисокот и температурата доле се поинакви и затоа не можеме да бидеме сигурни дека ова ќе функционира“, изјавил извршниот директор на Бритиш петролеум, Тони Хејворд за CNN. Associated Press, пак, ја пренесува изјавата на портпаролот на компанијата, Бил Сејлвин, кој изјавил дека ќе бидат потребни најмалку 12 часа ѕвоното да биде наместено во батакот на морското дно, но дека се чини дека затворањето на дупката тече според планот. Тој додал дека идните два дена, работниците ќе мора да ја монтираат пумпата која ќе ја испумпува нафтата на површината. По експлозијата и потонувањето на нафтената платформа Deepwater Horizon на 20-ти април во Мексиканскиот залив при што загинаа 11 работници, нафтата почна неконтролирано да истекува загрозувајќи го еко системот во заливот и јужните брегови на САД. Еколозите велат дека дури кога нафтената дамка ќе стигне до брегот, ќе може колку-толку да се согледаат последиците од оваа хаварија, кои според нив ќе бидат огромни од еколошки аспект и многу скапи од финансиска гледна точка, но и од политичка. British Petroleum предвидува дека трошокот ќе биде неколку стотини милиони долари, но откако ќе бидат поднесени разни тужби, таа сума неколкукратно ќе биде зголемена. Американските медиуми потсетуваат на катастрофата која во 1989 г. беше предизвикана со потонувањето на танкерот на Exxon „Валдез“ крај брегот на Аласка. Тоа досега е најголемото излевање на нафта од 11 милиони галони, но се претпоставува дека истата големина може да ја достигне и хаваријата во Мексиканскиот залив. Имено се предвидува дека само брегот може да го загадат околу 4,5 милиони галони нафта, со што Deepwater Horizon ќе биде една од најголемите светски еколошки катастрофи. Еxxon до денес има исплатено 4,3 милијарди долари оштети и за чистење на регионот од излеаната нафта. Американскиот претседател Барак Обама веднаш по хаваријата донесе мораториум на натамошните црпења нафта и пробни бушења во близината на американскиот брег, што инаку неодамна го дозволи. /крај/ап/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.