Свет
Нередите во Бангкок продолжуваат, уште најмалку три жртви
Најмалку три лица се убиени во судирите помеѓу поддржувачите на опозицијата и војската кои утрово се случија во Бангкок, јави Франс прес.
Најмалку три лица се убиени во судирите помеѓу поддржувачите на опозицијата и војската кои утрово се случија во Бангкок, јави Франс прес.
Според франуските новинари, телата на убиените веднаш биле тргнати од улиците а до судирите дошло во квартот контролиран од опозиционите поддржувачи во кој според изјавите на жителите до сега немало нереди.
Според очевидците, војската отворила оган на 20-ина демонстранти кои носеле тајландски знамиња.
Од вчера наутро најмалку 16 лица се убиени а 141 лице е рането во немирите на приврзаниците на опозиционите „црвено кошулари“ кои бараат промена на владата./крај/онаса/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.