Свет
Странците разочарани од групното гласање и од полнењето кутии
Локалните избори беа во согласност со поголемиот број стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа, но не ги исполнија клучните за тајноста на гласањето и гарантираното еднакво право на глас, оценија меѓународните набљудувачи на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ и на Советот на Европа.
Боби Христов
Локалните избори беа во согласност со поголемиот број стандарди на ОБСЕ и на Советот на Европа, но не ги исполнија клучните за тајноста на гласањето и гарантираното еднакво право на глас, оценија меѓународните набљудувачи на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ и на Советот на Европа.
– Иако во поголем број од општините изборите беа правилно спроведени, сериозните и постојани нерегуларности во значителен број општини го нарушија севкупниот изборен процес – изјави вчера шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, британскиот амбасадор Џулијан Пил Јетс.
Полнење на гласачките кутии, крадење гласачки ливчиња, отворено и групно гласање, гласање за други, преполни гласачки места и несоодветна проверка на гласачите со мастило, непотпишување на тие што гласале во избирачките списоци и тензии надвор и на гласачките места, се главните забелешки на меѓународните набљудувачи. Такви сериозни инциденти тие регистрирале во Липково, Теарце, Сарај, Шуто Оризари, Студеничани, Долнени и во Осломеј.
Набљудувачите на ОБСЕ и на Советот на Европа посетиле околу 1.300 избирачки места и како „лошо“ или „многу лошо“ го оцениле текот на гласањето на секое десетто избирачко место, а на секое петто избирачко место негативно било оценето пребројувањето на гласовите. Во десет отсто од посетените избирачки места имало повеќе ливчиња отколку гласачи, во 20 отсто пребројувањето било слабо организирано, а во 22 отсто од избирачките места не се почитувала тајноста на гласањето. Нерегуларностите се забележани на мал дел од територијата на земјава, набљудувачите ја пофалија работата на поголем дел од изборните органи, но сепак соопштија дека се разочарани.
– Гласањето се одвиваше непречено во поголемиот дел од земјата. Меѓутоа, групното гласање во повеќе наврати како и недостигот од потписи на гласачките списоци и преполните избирачки места претставуваат разочарување. Групното гласање е прекршок на тајноста на гласањето. Тоа е неприфатливо и треба да се остави на минатото – изјави шефот на делегацијата на Советот на Европа, Кит Витмор.
Првите луѓе на тимовите на ОБСЕ и на Советот, кои изборите ги следеа со околу 360 набљудувачи, повикаа нерегуларностите од првиот круг да се отстранат во вториот круг. Тие како позитивни ги нагласија гостопримливоста на граѓаните, соработката на изборните органи и постапката за пријавување на кандидатите, но забележаа дека ДИК се уште не е целосно комплетирана како што предвидуваат законите и дека назначувањето на судии за членови на ДИК е спротивно на заложбите за независно судство.
Информирањето на медиумите беше позитивно оценето, освен забелешките дека државната телевизија им била повеќе наклонета на партиите од власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.
Свет
Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се прости од него
Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се прости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.