Свет
Во пилотската кабина на авионот на Качински имало непознати лица
Лица кои не биле членови на авионскиот екипаж биле присутни во пилотската кабина (кокпит) на авионот во кој загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и уште 94-мина кои патуваа со нив.
Лица кои не биле членови на авионскиот екипаж биле присутни во пилотската кабина (кокпит) на авионот во кој загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга Марија и уште 94-мина кои патуваа со нив.
Ова утринава го пренесе ББС наведувајќи дека истрагата го докажала овој факт.
Еден од нив е идентификуван но името не е се уште обелоденето пред јавноста. Истрагата потврди дека екипажот на авионот добил предупредување за лошите временски услови.
„Официјален претставник од воздушната контрола двапати ги предупреди членовите на екипажот дека видливоста се протега до 400 метри и дека не постојат услови за слетување“, рече Алексејj Морозов, претседател на Истражна комисија за авионската несреќа во која загина Качински.
Претседателскиот авион кој се урна на 10 април годинава беше во потполно исправна состојба, пренесе Итар Тасс.
„Истрагата утврди дека не станува збор за терористички напад, ниту пак за пожар, експлозија или дефект на опремата во авионот“, изјави началникот на Меѓудржавниот воздухопловен комитет Татјана Анодина, истакнувајќи дека моторите работеле се додека авионот не удрил во земјата.
Анодина прецизираше дека идентификацијата на гласовите од лица кои не се членови на екипажот уште повеќе е отежната од фактот што вратата на кабината била отворена.
„Еден глас веќе е идентификуван. Полска сега треба да го утврди другиот глас“, изјави Анодина.
Во авионската несреќа која се случи на 10 април 2010 година во Смоленск во Русија, загинаа вкупно 96 лица, вклучувајќи ги полскиот претседател и неговата сопруга. Тие требаше да допатуваат на Комеморација по повод злосторството кое се случило во Катинската шума пролетта 1940 година кога Советската тајна служба стрелале 22.000 полски војници. /крај/ббс/тн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.