Свет
Експлозив наменет за банкомат ја разнесе цела банка
И разбојниците сепак треба да знаат физика. Доказ за тоа се крадци во Германија, кои направиле грешка во количината експлозив потребна за отварање на вратата во банка и по грешка ја запалиле целата зграда.
И разбојниците сепак треба да знаат физика. Доказ за тоа се крадци во Германија, кои направиле грешка во количината експлозив потребна за отварање на вратата во банка и по грешка ја запалиле целата зграда.
Банката во северниот дел на Германија во селото Малис од експлозијата е сосема уништена. Сочуван е само банкоматот. Нема повредени, а експлозијата ги оштетила околните автомобили и згради.
Инспекторите сметаат дека крадците поставиле експлозив направен од бензин и ацетилен на самиот влез на банката, соопштува германската телевизија НДР.
Во близина на банката се наоѓало и комбе за кое се претпоставува дека крадците планирале да побегнат со банкоматот.
Медиумите претпоставуваат дека крадците не успеале да побегнат со многу пари./крај/нова/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.