Свет
Отштета од 700.000 евра за смрт поради прекувремена работа
Јапонскиот суд наложи ресторан за брза храна да му плати отштета од 700 илјади евра на семејството на едно момче, кое починало од инфаркт, поради премор
Јапонскиот суд наложи ресторан за брза храна да му плати отштета од 700 илјади евра на семејството на едно момче, кое починало од инфаркт, поради премор.
Јапонецот на возраст од 24 години просечно работел по 14 часа на ден и на крајот на секој месец имал најмалку 112 прекувремени часови, бидејќи, како што тврдат неговите родители ресторанот за брза храна Нихонкаи Шоја, им ги намалувал платите на оние што имале помалку од 80 прекувремени работни часови.
Судот во Кјото му нареди на ресторанот да плати отштета од 700 илјади евра, бидејќи сопствениците ја занемариле својата обврска „со бројот на работните часови да не го загрозуваат животот и здравјето на работникот“.
Јапонската култура е позната по прекувремените работни часови, па дури има и поим за тоа – „кароши“ значи смрт поради премногу работа.
Се очекува оваа пресуда да има големо влијание врз рестораните за брза храна во Јапонија, каде е вообичаено да се работи прекувремено./крај/дн.хр/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“
На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.
Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и втор пат се одби од пистата и повторно полета, предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.
„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.
Откако повторно се нашол во воздух, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.
The moment a Lufthansa plane performed a rejected landing, or a ‘touch-and-go’, was caught on a livestream.
🎥 Airline Videos Live via YouTube pic.twitter.com/BpYSGuwMCG— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2024
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.