Свет
Запленети 400 килограми кокаин во Антверпен
Белгиската полиција на пристаништето Антверпен запленила 400 килограми чист кокаин, чија вредност се проценува на 100 милиони евра.
Белгиската полиција на пристаништето Антверпен запленила 400 килограми чист кокаин, чија вредност се проценува на 100 милиони евра.
Пратката била спакувана во 13 спортски торби, а во бродот Санта Карлота што допатувал од Перу пристигнала минатата недела.
За време на растоварувањето на контејнерот, еден од вработените на пристаништето забележал четворица сомнителни мажи, кои се обиделе да ги грабнат торбите.
Ја информирал полицијата, која што при претресот во торбите ја пронашла дрогата.
Полицијата трага за пронаоѓање на лицата што се инволвирани во случајот./крај/индекс/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.