Свет
Почнаа парламентарни избори во Чешка
Гласањето на парламентарните избори во Чешка започна денеска во 14 часот, кога се отворија речиси 15 илјади гласачки места
Гласањето на парламентарните избори во Чешка започна денеска во 14 часот, кога се отворија речиси 15 илјади гласачки места.
Чесите ќе можат да гласаат за околу 5000 кандидати од 25 партии за 200 пратенички места, вечерва со 22 часот, како и утре од осум до 14 часот.
Според последните испитувања на јавното мислење партијата на левите социјалдемократи (ЧССД) ќе освои 30 отсто од гласовите, а десната Државјанска демократска партија (ОДС) ќе добие 20 проценти.
Чешка најверојатно и по овие избори нема да добие стабилна влада, бидејќи социјалдемократите ќе треба да коалицираа со помали партии, кои се очекува да влезат во парламентот и тоа – комунистичката партија, демохристијаните, зелените, партијата Топ9 и Јавни работи, како и партијата за човекови права. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.