Свет
Уапсени тројца директори на банки во Ирак, недостасуваат 360 милиони долари
Тројца директори од државните ирачки банки уапсени се под сомнение дека користеле лажни трансфери со кои зеле неколку милијарди долари и ги вложувале во сопствен бизнис.
Тројца директори од државните ирачки банки уапсени се под сомнение дека користеле лажни трансфери со кои зеле неколку милијарди долари и ги вложувале во сопствен бизнис.
Претседателот на ирачката комисија за борба против корупција, Рахим ал Угали изјави дека поголем дел од парите се вратени на банките, но недостасуваат уште 360 милиони долари, пренесува Ројтерс.
Околу 8,2 милијарди долари се исчезнати за период од една година и тоа само од ирачката земјоделска банка.
Угали додаде дека планот вклучувал и тајни договори меѓу трговците на големо и директорите на банките, лажно да подигнуваат пари од државните банки.
Трговците на големо ги користеле државните пари за инвестирање во приватни бизниси, а потоа го враќале во банка.
„Парите се користени за бизнис во приватниот сектор, што значи трговците ги употребувале парите за трговија и потоа ги враќале во банка”, соопштува Угали кој додава дека ако на тој начин продолжил трансферот би било опасно за ирачкиот финансиски систем.
Покрај тројцата директори уапсени се и тројца службеници, а потерници се издадени и за четворица трговци на големо како и за сопственик на една приватна компанија, се сомнева дека некој од нив се во странство, изјави Угали.
„Мислев дека со завршување на ерата на Садам ќе исчезнат и луѓето над законот, но денес некои од највлијателните луѓе во земјата се над законот”, рече Угали. /крај/србијанет/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.