Свет
Итен состанок на Арапската лига поради израелскиот напад
Генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса ги повика земјите членки на итен состанок во Каиро на кој ќе биде дефиниран заедничкиот арапски одговор на израелскиот напад врз конвој со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа.
Генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса ги повика земјите членки на итен состанок во Каиро на кој ќе биде дефиниран заедничкиот арапски одговор на израелскиот напад врз конвој со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа.Најмалку 19 лица вчера рано наутро загинаа при напад на израелската морнарица врз хуманитарниот конвој составен од шест бродови, натоварени со околу 10.000 тони помош.Конвојот, предводен од турски брод, исплови завчера од кипарско пристаниште, иако Израел најави негово блокирање. Турција на ова одговори со молба бродот да биде пуштен, поради тоа што пренесува хуманитарна помош.Нападот предизвика остра реакција во Турција, која го повлече својот амбасадор од Израел и побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.