Свет
Убивањето американски војници – скапо платен бизнис
Според тврдењата на самите талибанци, тие добиваат околу 2000 евра за секој убиен непријателски војник во Авганистан, а „најисплатлива работа“ имаат експертите за правење експлозивни направи, пишува британскиот „Сандеј тајмс“.
Според тврдењата на самите талибанци, тие добиваат околу 2000 евра за секој убиен непријателски војник во Авганистан, а „најисплатлива работа“ имаат експертите за правење експлозивни направи, пишува британскиот „Сандеј тајмс“.
Талибанскиот експерт открива дека тајната состојка на неговите експлозивни направи е јогурт и вели дека сака да изработува бомби бидејќи самоубиствениот напад може да се изведе само еднаш а со неговата „професија“ може да убива и живее повеќе.
Младиот припадник на племето Паштун, кој се претставил како Наиматулах во авганистанската покраина Кост раководи со десетчлена бомбашка единица а еднаш годишно во талибанските кампови за обука во Пакистан, ги обучува борците да произведуваат импровизирани експлозивни направи, се вели во „Сандеј Тајмс“.
Наиматулах вели дека „ужива да убива странски војници и дека му служи на Бога и на својата нација.“
Тајната состојка на неговите бомби е јогуртот кој го мешаат на врвот на експлозивот. Тоа помага да се скријат бомбите од детекторите а може да ги залаже и кучињата дресирани за пронаоѓање на експлозив./крај/ст/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење
Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран по нападот на Иран врз Израел, се „за жалење“ бидејќи Иран дејствуваше во самоодбрана, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Тој во објава на платформата Х, напиша дека е „за жалење“ што ЕУ толку брзо одлучува да спроведе уште по „незаконски рестриктивни мерки против Иран“, само затоа што Иран го искористи правото на самоодбрана, по, како што наведе, „непромислената израелска агресија“, пренесува Ројтерс.
На 13 април, Иран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, велејќи дека тоа е како одмазда за израелскиот бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа 13 лица.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.
Свет
Зеленски: Ако француските авиони можат да го заштитат небото на Израел, зошто да не и нашето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја очекува посетата на неговиот француски колега Емануел Макрон на Киев за да разговара со него во врска со неколку точки на соработка, особено како најефективно да се зајакне заштитата на украинското небо.
„Ако француските авиони со француски пилоти можат да го заштитат небото на Израел, зошто француските авиони не можат да го заштитат небото на Украина. Но, во секој случај, неопходно е таквите иницијативи да доаѓаат од личноста од која зависи одлуката. И Емануел Макрон сè уште не разговарал за овие точки со мене. Тој вети дека ќе дојде во Киев и тука ќе имаме можност да го направиме тоа“, изјави претседателот на Украина во интервју за познатиот француски медиумски блогер Хуго Травер, на прашањето за можноста за испраќање француски војници во Украина.
Зеленски изјави дека не е во надлежност на украинскиот претседател да ја повика француската армија во Украина.
„Немам право да кажам дека утре француската армија треба да биде во Украина со полна сила и да се бори за нас, едноставно немам право на тоа и затоа никогаш не го покренав ова прашање“, рече тој.
Што се однесува до другите точки на соработка, како што наведе, тие се пред се мисии за обука на воени инструктори од Франција, пренесува Укринформ.
Макрон требаше да ја посети Украина во февруари, но потоа посетата беше одложена, според медиумите, од безбедносни причини. Подоцна, средината на март беше спомната меѓу можните датуми.
Зеленски рече дека е уверен оти ќе се најде формат за разговор со Русија за одлуките што водечките земји во светот ќе ги договорат на Мировниот самит во Швајцарија, кој беше најавен за 15 и 16 јуни.
– Ако по првиот самит заминеме со разбирање дека имаме точки за кои сите се согласуваме… Ако на маса има земји кои навистина сакаат мир и бараат праведен мир од Русија, тогаш документ со нашата визија ќе биде подготвени и ќе дојде моментот кога за тоа ќе се разговара со претставници на непријателот – рече Зеленски.
Според Зеленски, повеќе од 80 земји во светот ќе можат да постигнат договор за најмалку три точки од Формулата за мир.