Свет
Хамас го условува влезот на стоката од бродовите во Појасот Газа
Хамас нема да дозволи стоката што ја заплени Израел на патот кон Газа, да влезе во Појасот Газа се додека не бидат исполнети одредени услови.
Хамас нема да дозволи стоката што ја заплени Израел на патот кон Газа, да влезе во Појасот Газа се додека не бидат исполнети одредени услови.
Ова денеска го изјави Ахмед ал Курд, министер за социјални прашања во владата на Хамас, што управува со Појасот Газа. Тој го обвини Израел дека задржал батерии за инвалидски колички и тони цемент.
Израел не дозволува испорака на цемент бидејќи стравува дека Хамас може да го искористи за воени цели.
Со оглед на фактот дека конвојот го организираше Турција, таа треба да реши дали ќе дозволи стоката да влезе во Појасот Газа, додава Ал Курд.
Израелскиот портпарол Гај Инбар изјави дека осум камиони натоварени со стока од бродовите се наоѓа на преминот Керем Шалом и чека да влезе во Појасот Газа. Тој негираше дека Израел запленил некаква стока. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.