Свет
Мафијата годишно „врти“ 20 милијарди евра преку екологија
Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте.
Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте. Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето. Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање во Африка или на Блискиот исток исправни делови од компјутери, претставени како неупотреблива опрема. Бројот на кривични дела е значајно зголемен во секторот на отпадот (33 отсто) и оштетување на растителниот и животинскиот свет (58 отсто). „Мафијата се потврди како цврст и моќен холдинг кој ја загрозува иднината на земјата, одземајќи и ги скапоцените ресурси на легалната економија,“ вели претседателот на Легамбиенте, Виторио Кољати Деза./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.