Свет
САД, Русија и Франција одговорија на иранскиот предлог
САД, Русија и Франција одговорија на новиот ирански предлог за производство на нуклеарно гориво, соопштија дипломати од Виена, неколку часа пред гласањето во Советот за безбедност за нови санкции против Техеран.
САД, Русија и Франција одговорија на новиот ирански предлог за производство на нуклеарно гориво, соопштија дипломати од Виена, неколку часа пред гласањето во Советот за безбедност за нови санкции против Техеран.
Дипломати чии имиња не се познати, изјавија дека договорот содржи посветеност на трите држави за иранскиот план, со поддршка на Турција и Бразил.
Во предлогот, Русија и Франција ќе произведуваат нуклеарно гориво за реакторот во Техеран за потребите на медицински истражувања. За возврат Иран на Турција ќе и прати половина од своите залихи со ниско збогатен ураниум. Одогворот на трите сили е доставен и до Иран, пренесе хрватската агенција Хина.
САД, Русија и Франција минатата година понудија сличен договор со Турција и Бразил, но барале ниско збогатениот ураниум да биде до нив доставен со што би го претвориле во нуклеарно гориво.
Американски претставници велат дека ситуацијата е променета затоа што Иран го зголеми нивото на збогатување за 20 отсто, а произведува и дополнителни залихи на ураниум со тоа го девалвира гестот за добра волја за испраќање на 1.200 килограми ураниум за збогатување во странство./крај/хина/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четири руски ракетни фрлачи и авиони се сериозно оштетени на Крим, соопшти Украина
Во украинскиот напад на воениот аеродром на Крим вчера сериозно се оштетени четири ракетни фрлачи, три радарски станици и друга опрема, соопшти украинската воена разузнавачка агенција.
Четири ракетни фрлачи земја-воздух С-400 и контролен пункт за воздушна одбрана стациониран во воздухопловната база Џанкој се меѓу опремата што е „уништена или критично оштетена“, објави агенцијата на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Агенцијата додава дека во нападот биле уништени или оштетени и голем број авиони. На неколку сметки на каналот Телеграм вчера се појави информација за силна експлозија во Џанкој. Ројтерс не можеше да ги потврди наводите, а Русија официјално не ги коментираше.
Украинската агенција не даде информации за тоа какви средства се употребени за нападот, кој го опиша како „успешен“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно и се заблагодари на армијата „за прецизноста“ вклучена во операцијата.
Свет
Страшна бура во Пакистан и Авганистан, речиси 140 загинати
Бројот на загинати во невремето во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области се очекуваат нови поројни дождови.
Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.
Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во Авганистан 70-ина луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите во целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за катастрофи.
Обилните врнежи од снег и дожд во последните месеци во Авганистан предизвикаа многу жртви и повредени по невообичаено топлата зима. Екстремните временски настани, како поплави и суши, се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите.
Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на ефектите од климатските промени.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.