Свет
БП го купи терминот „нафтена дамка“ на интернет пребарувачите
По инцидентот со истекување на нафтата во Мексиканскиот залив компанијата „Бритиш Петролеум“ одлучи да се погрижи за својот имиџ.
По инцидентот со истекување на нафтата во Мексиканскиот залив компанијата „Бритиш Петролеум“ одлучи да се погрижи за својот имиџ.
Нафтената компанија го купи терминот „нафтена дамка“ на „Гугл“ и „Јаху“, со што ќе може да „управува“ со својот имиџ и ќе го избегне бранот критики, пишува хрватски Дневник.хр.
Сега кога корисниците на интернет ќе го внесат во пребарувачите терминот „нафтена дамка“ (oil spill), ќе ги доведе до страницата „Дознајте повеќе за помошта на БП“, пренесува „Дејли меил“.
„Го купивме терминот на пребарувачите за да им олесниме на луѓето да се информираат за нашите напори во заливот“, изјавил портпаролот на БП.
Оваа еколошка катастрофа ја намали популарноста дури и на претседателот Барак Обама. Претседателот на БП Тони Хауард, беше подложен на критики откако изјави дека „влијанието на излеаната нафта врз околината е многу мало“./крај/нова/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.