Свет
Џо Џексон: Мајка му на Мајкл е виновна за неговата смрт
Таткото на Мајкл Џексон, Џо Џексон во ексклузивно интервју за таблоидот „News of the world“ рекол дека неколку часа пред смртта Мајкл имал жолчна расправа со неговата мајка Кетрин.
Таткото на Мајкл Џексон, Џо Џексон во ексклузивно интервју за таблоидот „News of the world“ рекол дека неколку часа пред смртта Мајкл имал жолчна расправа со неговата мајка Кетрин.
Џо раскажал дека додека Мајкл бил на обдукција, неговата поранешна сопруга неконтролирано плачела и била многу вознемирена.
„Но не ја прегрнав затоа што бев многу лут на неа што плаче. Со месеци ја убедував Кетрин да се обиде да го натера Мајкл да оди на рехабилитација од лековите кои ги земаше“, рекол Џо.
Тој изјавил дека доколку Кетрин би го послушала, сега Мајкл би бил жив.
За таблоидот тој вели дека Мајкл во последните месеци од неговиот живот изгледал слабо, изнемоштено и како да му недостасувал сон.
„Го немаше оној сјај во очите кој го имаше кога беше на сцената. Незнаев дека е зависен од дрога, само чувствував дека нешто не е во ред“, вели Џо.
„Кетрин се уште се нема опоравено од смрта на нашиот син. Има силни главоболки, не може да спие и не сака да се соочи со проблемите. Исто како Мајкл таа бега од нив“, вели Џо.
„Децата на Мајкл се се подобри“, вели Џо, „го обожаваа својот татко, но сега добро се опоравуваат. Првите неколку месеци беше најтешко, но успеаа да го поминат и тоа“, раскажал Џо.
Мајкл Џексон ненадејно почина на 25 јуни 2009 година. Тој беше американски пејач, текстописец и шоумен.
Мајкл бил седмо дете на фамилијата Џексон и започнал да пее професионално на 11 годишна возраст како дел од групата The Jackson 5.
Својата соло кариера ја започнал во 1971 година додека бил сеуште во групата.
Тој е наречен „Крал на поп музиката“ и пет од неговите албуми станаа најпродавани светски албуми./крај/хн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.