Контакт

Свет

Анализа на СТРАТФОР: Стабилизациониот план за Киргистан

Објавено пред

Иако јужен Киргистан е релативно мирен по неодамнешниот зенит на етничките насилства во земјата, безбедносната ситуација и односите помеѓу Узбеците и Киргизите остануваат напнати, особено во областите на

dobivaj vesti na viber

Иако јужен Киргистан е релативно мирен по неодамнешниот зенит на етничките насилства во земјата, безбедносната ситуација и односите помеѓу Узбеците и Киргизите остануваат напнати, особено во областите на конфликт во и околу градовите Ош, Џалал-Абад и околните погранични области на границата помеѓу Киргистан и Узбекистан.

На привремената влада на Киргистан и недостасуваат ресурси за да ги обезбеди немирните региони и затоа ја замоли Русија воено да интервенира. Москва, пак, загрижена дека таквата интервенција може да предизвика непријателства со соседниот Узбекистан, за сега одбива да го стори тоа. Узбекистан посочи дека каква и да е интервенција мора да биде изведена од страна на интернационални блокови, каков што е Организацијата на колективниот договор за безбедност (ЦСТО) составена претежно од земјите на некогашниот Советски сојуз и во кој членуваат и Узбекистан и Киргистан и Русија. Со планот на ЦСТО за стабилизација на Киргистан, Москва го зголемува своето присуство во земјата и  истовремено ја зема предвид загриженоста на Ташкент од директната руска воена интервенција.

Планот, чии детали се уште не се објавени, повикува на „првостепени“ мерки за намалување на етничките тензии и ги зема предвид логистичките недостатоци на киргистанските сили за безбедност. Со планот може да се обезбедат околу девет хеликоптери за киргистанските полициски сили, кои би биле доставени или од Русија или од Казахстан. Неофицијалните информации посочуваат и на можноста за разместување на руски експерти за демонстрации. Според генералниот секретар на организацијата, Николај Бордјужа, ова се специјалисти „кои знаат како да испланираат и подготват операции за спречување на масовни немири, да ги откријат поттикнувачите и да ги детектираат вооружените групи кои поттикнуваат вложување на ситуацијата“. Бордјужа додава и дека наредните чекори во кризата  се да се пронајдат и законски да се гонат одговорните за немирите. Рускиот претседател Дмитриј Медведев од своја страна изјави дека ЦСТО ќе одржи додатни консултации ако се влоши ситуацијата.

Иако планот во најголем дел повикува на материјална помош за киргистанската влада и безбедносни сили, тој сепак води кон зголемување на руското присуство во регионот на конфликти. Хеликоптерите кои треба да пристигнат ќе дојдат со екипаж, а руските експерти за демонстрации немаат јасен мандат или одговорност. Со толку нестабилна состојба во земјата, Русија ќе се труди да настапува внимателно, но тензиите во овој регион можат нагло да се одлетаат надвор од контрола. Оттаму, натамошната ескалација и со тоа и додатната вмешаност на Русија, не можат да бидат однапред отфрлени. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица

Објавено пред

Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“

dobivaj vesti na viber

Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.

Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.

„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.

Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.

„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.

Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.

Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.

Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.

На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.

„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.

Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.

Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.

Прикажи повеќе...

Регион

„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција

Објавено пред

Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.

dobivaj vesti na viber

Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.

Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.

Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.

Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.

На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Прикажи повеќе...

Свет

Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица

Објавено пред

Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.

Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.

Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.

Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија7 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија9 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија11 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија11 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија13 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ14 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија14 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија14 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија17 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет17 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет18 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија18 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион18 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет18 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет18 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...